Порака од претседателот на ТРСК Ерсин Татар по повод 10-годишнината од „Проектот на векот“

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар објави порака по повод одбележувањето на 10-годишнината од поставувањето на камен темелникот на браната Алаќопру за снабдување со вода за пиење кој се оценува како „Проект на векот“

1596781
Порака од претседателот на ТРСК Ерсин Татар по повод 10-годишнината од „Проектот на векот“

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар објави порака по повод одбележувањето на 10-годишнината од поставувањето на камен темелникот на браната Алаќопру кој се оценува како „Проект на векот“ и кој е едниот од најзначајните чекори за снабдување на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) со вода за пиење од Турција со помош на водоводни цевки.

Претседателот Татар го рече следното: „Татковината Турција која тогаш кога ќе побараме живот ни дава  живот, кога ќе побараме крв ни дава крв, секогаш стои покрај кипарскиот турски народ и која никогаш не се воздржува да ни ја даде својата поддршка и помош, ни ја даде и својата вода.“

Потсетувајќи дека „Проектот на векот“ со којшто ќе се обезбедат потребите со вода за пиење на Турската  Република Северен Кипар (ТРСК) во текот на 50 години и кој е ставен во примена на 28 октомври 2015 година, претседателот Ерсин Татар го подвлече следното: „Треба да продолжиме да чекориме заедно со нашата татковина Турција која секогаш стои покрај нас. По тој повод во мое лично име и во име на кипарскиот турски народ уште еднаш им се заблагодарувам на нашата татковина Турција, на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и на сите оние кои имаат вложен труд во овој проект.“

 



Слични вести