Во Скопје се одржа Работилница за оценување на пописот за Турците во Северна Македонија

Во рамките на работилницата учесниците дискутираа за пописот на населението што ќе се спроведе од 1 до 2 април оваа година во Северна Македонија

1596172
Во Скопје се одржа Работилница за оценување на пописот за Турците во Северна Македонија
Kuzey Makedonya Türkleri Nüfus Sayım Çalıştayı 1.jpg
Kuzey Makedonya Türkleri Nüfus Sayım Çalıştayı 3.jpg
makedonya turkleri.jpg

Во главниот град на Северна Македонија, Скопје, во организација на Сојузот на турските невладини организации во Македонија (МАТУСИТЕБ), се одржа Работилница за оценување на пописот за Турците во Северна Македонија.

Во рамките на работилницата учесниците дискутираа за пописот на населението што ќе се спроведе од 1 до 2 април оваа година во Северна Македонија.

На работилницата учествуваа амбасадорот на Турција во Скопје Хасан Мехмет Секизќок, претседателот на Сојузот на турските невладини организации во Македонија (МАТУСИТЕБ) Хусрев Емин, како и претседателите на турските политички партии во Северна Македонија, заменици министри, пратеници, претставници на турските и локалните институции и организации во Северна Македонија, академски работници професори, како и други поканети гости.

Вои рамките на работилницата беа споделени и испратените видео пораки со поддршка од страна на претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп, претседателот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) Серкан Кајалар и претседателот на Претседателството на Турците со странство и роднински заедници (YTB) Абдуллах Ерен.

Амбасадорот на Турција во Скопје Хасан Мехмет Секизќок во говорот што го одржа овде укажувајќи на значењето на пописот на населението го рече следното: „Со големо задоволство ја согледувам возбуденоста и свесноста на Турците во Северна Македонија во врска со пописот, кој инаку е едниот од древните и основачки народи на оваа земја.“

Секизќок појасни дека на пописот ќе учествуваат и Турците кои се наоѓаат во странство.

„Од големо значење е на пописот да се надгледуваат меѓународните стандарди и транспарентноста.“ - констатира амбасадорот Секизќок.

Претседателот на Сојузот на турските невладини организации во Македонија (МАТУСИТЕБ) Хусрев Емин во говорот исто така нагласи дека пописот што ќе се одржи во април е од животно значење за Турција во Северна Македонија и посака резултатите од пописот да бидат повод за добри резултати, за доброто и во полза на Турците во земјата.

На крајот на работилницата беше донесена одлука зда се формира Национален координативен совет за попис на Турците во Северна Македонијат и беше објавена завршна декларација составена од 15 точки.

Во завршната декларација се вели следното: „Пописот на населението ќе биде најзначајниот показател на присуството на турскиот народ во Северна Македонија. Пописот има голема важност во праведното застапување на народите според Охридскиот рамковен договор. Пописот се смета за тапија на турскиот народ кој е основачки елемент на Северна Македонија. Потребно е да се покаже заеднички национален став како турски народ во Северна Македонија.“

Во декларацијата се нагласува дека пописот ќе го подготви теренот за зголемување на вработувањето во јавните институции и локалните власти, како и зголемување на нивото на застапеност на Турците.

„Резултатите од пописот ќе овозможи турскиот јазик заедно со другите јазици во земјата да биде користен во цела Северна Македонија. Нема да се дозволат политиките за асимилација и негирање кои другите ги планираат да ги спроведат врз нас.“ - стои во завршната декларација.

Исто така, во декларацијата се изразува очекување дека пописот ќе се реализира слободно, праведно и транспарентно, во рамките на законите.

„Резултатите од пописот ќе придонесат во зачувувањето на нашето културно и историско наследство. Ќе овозможи нашето знаме да се вее во повеќе општини на локално ниво. Пописот ќе даде голем морал и придонес пред сè врз турското присуство на Балканот, Република Турција и турскиот свет.“ - се истакнува во завршната декларација на Работилницата за оценување на пописот за Турците во Северна Македонија.

 

 



Слични вести