Претседателот на Турската Република Северен Кипар Татар ја прими министерката за трговија Пекџан

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар ја прими министерката за трговија Рухсар Пекџан и делегацијата во нејзина придружба кои престојуваат на разговори во Лефкоша

1595949
Претседателот на Турската Република Северен Кипар Татар ја прими министерката за трговија Пекџан

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар ја прими министерката за трговија на Турција Рухсар Пекџан и делегацијата во нејзина придружба.

Претседателот Татар на приемот рече: „Безбедноста на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и Турција ја налага потребата оваа наша политика да ја унапредиме до уште понапредно ниво во Сината татковина, Источниот Медитеран. И оваа политика е соработката на две соседни држави кои живеат една покрај друга, која се потпира на еднаквоста на суверенитетот.“

Претседателот Ерсин Татар подвлече дека е зајакната основата на Турската Република Северен Кипар(ТРСК) во Источниот Медитеран и нагласи дека Турција од чија страна се поддржуваат во нивната праведна кауза е најсилната земја во регионот.

Министерката за трговија Рухсар Пекџан го изрази задоволството од престојот во Турската Република Северен Кипар (ТРСК) како делегација и изрази надеж за успех во работите коишто се водат за степенот на развој и просперитет на Турската Република Северен Кипар (ТРСК). 

Министерката Пекџан рече: „Ние како Турција секогаш, на секое поле бевме и ќе продолжиме да бидеме покрај Турската Република Северен Кипар (ТРСК). Му придаваме значење на зголемувањето на взаемната трговија, економските активности и инвестициите на двете земји. На нашите разговори заедно ќе направиме проценка на прашањата за зголемување на извозот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и разновидноста на производите во извозот. Ќе ги земеме предлозите на нашите деловни луѓе. Ионака овде се претседателите на водечкиот деловен свет на Турција, и тие реализираат активности овде.“

 



Слични вести