Турција и испрати на Турската Република Северен Кипар уште 20 илјади вакцини „Синовак“

Амбулантниот авион на Министерството за здравство на Турција со испратените вакцини утрово околу 09:30 часот по лекално време слета на аеродромот Ерџан во Лефкоша

1594971
Турција и испрати на Турската Република Северен Кипар уште 20 илјади вакцини „Синовак“

Турција, во рамките на борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) и достави на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) уште 20 илјади дози вакцини „Синовак“.

Амбулантниот авион на Министерството за здравство на Турција со испратените вакцини утрово околу 09:30 часот по лекално време слета на аеродромот Ерџан во Лефкоша.

Донесените вакцини им беа предадени на функционерите на Министерството за здравство на Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

Заедно и со денешните испратени вакцини бројот на вакцините коишто и беа доставени од стран ана Турција на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) достигна до 100 илјади.

Инаку, потпретседателот Фуат Октај во дадената изјава вчера истакна дека на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) ќе и бидат испратени уште 20 илјади вакцини против новиот тип коронавирус (Ковид-19).



Слични вести