Грчкиот град Лариса погоден од серија земјотреси

По земјотресот со јачина од 6,2 степени по Рихтер, грчкиот град Лариса беше потресен уште од два земјотреси со јачина од 5 и 4,2 степени, а денеска попладне се случи уште еден потрес со јачина од 4,3 степени

1594867
Грчкиот град Лариса погоден од серија земјотреси

Градот Лариса во Грција погоден од серија земјотреси.

По земјотресот со јачина од 6,2 степени по Рихтер, градот беше потресен уште од два земјотреси со јачина од 5 и 4,2 степени.

Според објавените информации на интернет страницата на Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД), синоќа во 21:24 часот по турско време во градот Лариса беше евидентиран земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтер.

Потресот се случил на длабочина од 34,05 километри под површината на земјата.

Кусо време по овој потрес во истиот грчки град синоќа во 21:49 часот по турско време беше евидентиран и втор земјотрес овојпат со јачина од 4,2 степени по Рихтер.

Овој потрес се случил на длабочина од 4,73 километри под површината на земјата.

Серијата земјотреси во грчкиот град Лариса беа почувствувани и во подрачјето во близина на градот Чанаккале.

Во меѓувреме, денеска во пладневните часови се случи уште еден земјотрес во Лариса со јачина од 4,3 степено по Рихтер.

Според објавените информации на интернет страницата на Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД), денеска во 12.36 часот по турско време е евидентиран уште еден земјотрес во градот Лариса со јачина од 4,3 степени по Рихтер.

Потресот се случил на длабочина од 29,976 километри под површината на земјата.

 



Слични вести