Земјотрес со јачина од 5.9 степени ја погоди Грција

Земјотресот се случи во грчкиот град Лариса

1594383
Земјотрес со јачина од 5.9 степени ја погоди Грција

 

Земјотресот со јачина од 5,9 степени се случи во грчкиот град Лариса.

Атинскиот институт за геологија соопшти дека земјотресот се случил на 24 километри северозападно од центарот на градот, на длабочина од 15 километри од земјата.

Друг последователен потрес со јачина од 4,4 степени беше регистриран 3 минути по главниот земјотрес.

Се уште не е објавено соопштение во врска со загубата на животи или штета во земјотресот со јачина од 5,9 степени, кој се почувствува и во главниот град Атина.

Од друга страна, Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) објави дека јачината на земјотресот изнесуваше 6,2.

 



Слични вести