Средба меѓу министрите Пакдемирли и Хоџа во Скопје за унапредување на соработката во земјоделството

По средбата, министерот за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Северна Македонија Аријанит Хоџа одржаа заедничка прес-конференција

1591891
Средба меѓу министрите Пакдемирли и Хоџа во Скопје за унапредување на соработката во земјоделството

Министерот за земјоделство и шумарство на Република Турција Бекир Пакдемирли престојува во посета на Република Северна Македонија во рамките на која се состана со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на оваа земја Аријанит Хоџа.

По средбата, двајцата министри одржаа заедничка прес-конференција на која кажаа дека разговарале за унапредување на соработката во областа на земјоделството помеѓу двете земји.

„Република Северна Македонија од своето осамостојување добива континуирана поддршка од Република Турција во сите сектори за која сум им благодарен и сум сигурен дека во наредниот период ќе се продлабочува поддршката и соработката ќе се зголемува. Ова зголемување на соработката сакам да го потврдам и со потпишувањето на меморандумите за разбирање меѓу владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Турција и тоа во областа на водите, соработка во областа на шумарството и договорот за соработка во областа на безбедноста на храна и ветеринарна политика кои беа потпишани во текот на месец јануари оваа година", потенцираше министерот Хоџа.

Тој додаде дека климатските промени наметнуваат сериозен пристап кон заштитата на земјоделските производи, при што напомена дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на РСМ добива техничка поддршка од страна на турскиот земјоделски осигурителен пулт ТАРСИМ и од таа поддршка која е насочена со цел да се воспостави земјоделски осигурителен пулт во Северна Македонија.

Хоџа рече дека трговската размена меѓу Северна Македонија и Турција се одвива континуирано со Договорот за слободна трговија воспоставен во 1999 година, но имале повеќе средби со цел пласирање на македонските производи на турскиот пазар. Исто така, како што рече Хоџа, со оваа средба, ја покажуваат одлучноста во градењето и унапредување на економските односи со пријателска Турција.

Турскиот министер Бекир Пакдемирли, потсетувајќи дека е со потекло од градот Велес, рече дека Турција е одлучна за поддржување на Северна Македонија колку што е можно.

Според него, Турција секогаш стои покрај Северна Македонија.

Пакдемирли истакна дека во текот на денешната средба разговарале за та како може да ги унапредат односите во областите како земјоделството, шумарството и водостопанството.

„По ова, треба да биде фаза на проширување на соработката. Се надевам дека денешната средба резултираше многу позитивно. Исто така, мислам дека резултатите ќе ги добиеме што е можно поскоро“, нагласи Пакдемирли.

Тој рече дека Турција имала барање во насока на извозот на млечни производи и живина, и дека Северна Македонија има потреба од ориз, нагласувајќи дека ќе направат чекори во оваа насока.

Турскиот министер истакна дека ги започнале работите за спроведување на проектот за земјоделско осигурување, при што истакна дека се работи за проект кој се спроведува во Турција и е еден од најуспешните во светот.

Пакдемирли истакна дека Турција е многу развиена земја во областа на храната, земјоделството, сточарството, шумарството и водостопанството.

„Од аспект на бруто домашниот производ во земјоделството сме на прво место во Европа, додека во светот се наоѓаме меѓу првите десет земји“, нагласи Пакдемирли, додавајќи дека ќе го споделат нивното искуство со Северна Македонија. (Агенција Анадолија-АА)

 



Слични вести