Министерот за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли во посета на Северна Македонија

Министерот за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли прошета по старата Скопска чаршија каде што разговараше со еснафот на чаршијата, а ги посети и Куршумли Ан, Мустафа-пашината џамија, Сули Ан, турбето на Јигит паша, како и Џамијата „Султан Мурат“

1591546
Министерот за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли во посета на Северна Македонија

Министерот за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли во рамките на посетата на Северна Македонија се прошета низ Скопје.

Пакдемирли и неговата делегација, составена од главниот советник на претседателство Сабри Демир и амбасадорот на Турција во Скопје Хасан Мехмет Секизќок, прошетката ја започнаа од Плоштадот „Македонија“, а потоа продолжија кон Камениот мост, каде што се фотографираа пред михработ што се наоѓа на мостот.

Министерот Пакдемирли потоа замина во старата Скопска чаршија, каде што разговараше со еснафот на чаршијата, како и со граѓаните кои упатија честитки по повод роденденот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Во тие рамки, министерот Бекир Пакдемирли ги посети Куршумли Ан, Мустафа-пашината џамија, Сули Ан, турбето на Јигит паша, како и Џамијата „Султан Мурат“.

Пакдемирли петочната молитва ја клањаше во Џамијата „Мурат-паша“ во Скопската чаршија, каде што имаше и обраќање пред верниците.

Во текот на денот Пакдемирли ќе се состане и со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Северна Македонија Арјанит Хоџа. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести