Министерот за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли во посета на Босна и Херцеговина
Министерот за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли и министерот за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина Сташа Кошарац одржаа заедничка прес-конференција

Министерот за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли кој престојува во посета на Босна и Херцеговина во рамките на своите средби и разговори во Сараево се состана со министерот за надворешна трговија и економски односи Сташа Кошарац.
На средбата присуствуваа и министрите од двата ентитети на државата Босна и Херцеговина, и тоа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Федерацијата Босна и Херцеговина Шемсудин Дедиќ и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Српска Борис Пашалиќ.
Потоа министерот за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли и министерот за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина Сташа Кошарац одржаа заедничка прес-конференција.
Овде, министерот Пакдемирли истакна дека неговите овдешни разговори се во својство на подготовка за посетата којашто членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина ќе ја остварат на 16 март на Анкара.
Бекир Пакдемирли појасни дека ревидираниот Договор за слободна трговија помеѓу Турција и Босна и Херцеговина ќе ги развие билатералните односи.
Велејќи дека на средбата е споделена и една доста задоволувачка вест од аспект на односите помеѓу двете земји, Пакдемирли рече: „Ја дадовме веста дека Договорот за слободна трговија е дојден во фаза на одобрување во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ). Тоа ќе доведе до развивање на билатералната трговија и на односите.“
Министерот за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли привлече внимание дека Турција е со трговски суфицит (со поголем извоз од увозот) кон сите Балкански земји.
Министерот за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина Сташа Кошарац, исто така истакна дека на остварената средба беше разговарано за насловот со надворешната трговија во врска со што рече: „Се надеваме дека Договорот за слободна трговија помеѓу Босна и Херцеговина и Турција до 16 март ќе помине од Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ).“
Во меѓувреме, министерот за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли во рамките на својата посета во Сараево го посети и гробот на првиот претседател на Босна и Херцеговина Алија Изетбеговиќ.
Министерот за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли и делегацијата во негова придружба во Сараево беа примени и кај претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина српскиот член Милорад Додик, бошњачкиот член Шефик Дураковиќ и хрватскиот член Жељко Комшиќ.