Реакции против примената со Управните одбори на училиштата на турското малцинство во Западна Тракија, во Грција

Во реакциите се вели дека медресите во Ксанти (Искече) и Комотини (Ѓумулџине) се малцински училишта и дека ваквата примена којашто се врши без согласност на делегациите на Управните одбори и родителите е неприфатлива од страна на турското малцинство

1589998
Реакции против примената со Управните одбори на училиштата на турското малцинство во Западна Тракија, во Грција

Назначувањето за претседатели на Управни одбори на училиштата на турското малцинство во Западна Тракија во Грција, на муфтиите во ксанти (турски Искече) и Комотини (турски Ѓумулџине) кои инаку се назначуваат од страна на грчката држава, стана причина за реакции.

Во објавеното соопштение од Унијата на Управните одбори на малцинските училишта во Западна Тракија (BTAOEB) се истакнува дека согласно одлуката за која се наведува дека е објавена во Службениот весник со датум од 8 февруари со потписот на министерот за образование и верски прашања на Грција Ники Керамеос, муфтиите кои се назначуваат од страна на Атина се назначени како претседатели на медреси во Ксанти (Искече) и Комотини (Ѓумулџине) и некои лица припадници на малцинствата кои согласно законот познат како „закон за 240 имами“ се назначуваат како учители по веронаука во грчките државни училишта се назначуваат како членови на Управните одбори.

Во соопштението се потсетува дека медресите во Ксанти (Искече) и Комотини (Ѓумулџине) се малцински училишта и се нагласува дека ваквата примена којашто се врши без согласност на делегациите на Управните одбори и родителите е неприфатлива од страна на турското малцинство. 

Во соопштението на Унијата на Управните одбори на малцинските училишта во Западна Тракија (BTAOEB) во кое се вели дека е одлучна да води правна борба по ова прашање, се додава следното:

„Со вакви состојби на свршен чин и со министерски одлуки не може да се промени статусот на медресите, пред се тоа не се истоветува со сфаќањето на демократска држава и и голема држава. Нашето здружение ќе го направи она што му се паѓа во правната борба којашто ќе биде водена во врска со овој антидемократски закон, никој да не се сомнева во тоа.“

Инаку, пред кусо време во Грција беа променети имињата на медресите на турското малцинство во Ксанти (турски Искече) и Комотини (турски Ѓумулџине).

Според тоа, во согласност со циркуларот на грчкото Министерство за образование и верски прашања со датум од 13 август 2020 година беше изваден зборот „малцински“ кој се наоѓаше во имињата на медресите и на негово место беше внесен зборот „муслимански“

Со реализирана операција на полноќ од табелите беше изваден грчкиот израз „M/KON“ што значи малцински/малцинство, а на негово место на новите табели беше внесен изразот „муслимански/муслиманско“.



Слични вести