На изборите за градоначалник на Сребреница победи кандидатот на српските партии Младен Грујичиќ

На изборите за градоначалник на Сребреница победи кандидатот на српските партии на Коалицијата „Заедно за Сребреница“ и актуелен градоначалник Младен Грујичиќ

1588350
На изборите за градоначалник на Сребреница победи кандидатот на српските партии Младен Грујичиќ

На повторените локални избори во Сребреница која е позната по извршениот геноцид врз муслиманското бошњачко население во јули 1995 година, најголем број гласови доби кандидатот на српските партии од Коалицијата „Заедно за Сребреница“ и актуелен градоначалник Младен Грујичиќ.

Партиите кои го поддржуваа бошњачкиот кандидат на Странката за демократска акција (СДА) Алија Табаковиќ претходно соопштија дека ќе ги бојкотираат изборите и истакнаа дека ќе се обратат и до Уставниот суд.

Резултатите од локалните избори коишто поради утврдени нерегуларности на претходно одржаните локални избори на 15 ноември минатата година беа повторени вчера, беа соопштени од страна на Централната изборна комисија (ЦИК).

Според тоа, на повторените локални избори во Сребреница Младен Грујичиќ освои 67,62 отсто, а неговиот противник Алија Табаковиќ 31,70 отсто од гласовите.

Под дејство и на бојкотот процентот на учество на изборите остана на 42,87 отсто.

Алија Табаковиќ во дадената изјава истакна дека чувствува задоволство од тоа што денот на одржување на изборите помина без инциденти.

Табаковиќ рече: "Чувствувам гордост од тоа што нашиот народ ја прифати нашата одлука за бојкот и застана покрај нас. Мал број Бошњаци поради лични причини претпочитаа да одат да гласаат. Некои беа подложени на уцена, тоа го направија за да не би ја изгубиле својата работа."

 



Слични вести