Дали Бугарија останува се поосамена?

Република Северна Македонија, првите количини на вакцини против Covid 19 ги доби од Србија

1586271
Дали Бугарија останува се поосамена?

 

На почетокот на неделата, Република Северна Македонија, конечно ги доби првите количини на вакцини против Covid 19, со кои ќе се вакцинираат жителите на Македонија во наредниот период. Ако се чекаше на контингентот на вакцини кои требаше да пристигнат од ЕУ, тогаш очигледно ќе се начекавме уште долго. Да потсетиме дека уште на почетокот на оваа година беше најавено дека некои членки на ЕУ, треба да се солидаризираат и дел од своите контингенти на вакцини, солидарно да им ги подарат на земјите од Западен Балкан, меѓу кои се наоѓа и Република Северна Македонија. Така на пример нашите соседи Република Бугарија и Грција се понудија на Македонија да и дадат дел од своите вакцини. Но не се знае која е вистинската причина што овие земји се откажаа од ова и Македонија до денес остана без вакцини. Додека на нарачаните вакцини од познатите производители од кои се снабдуваат сите членки на ЕУ очигледно ќе се чека уште еден извесен период.

Како што вообичаено се случува и во овој случај се виде и потврди онаа стара вистина дека соседот некој пат ти е поблизок од роднина. Така северниот сосед на Република Македонија Србија, е една од ретките земји во Европа па дури и во светот која започна да ги вакцинира своите граѓани и тоа со можност граѓаните да можат да одберат со која вакцина ќе се вакцинираат. Токму таа Србија се понуди и на Македонија и врачи дел од својот контингент на вакцини се разбира кои ги има купено. Поточно српскиот претседател Александар Вучиќ, на Република Северна Македонија како помош и даде околу 8 илјади дози вакцини, со чија помош во Македонија ќе започне процесот на вакцинирањето. Изјавата на српскиот претседател дека Србија оваа помош ја нуди на братскиот народ на Република Северна Македонија како да ги стопли срцата на голем број македонски граѓани. Токму оваа изјава на српскиот претседател беше повод за реакција на Бугарија, која преку изјавата на министерката за надворешни работи Захариева која љубоморна изјави дека добро е што Македонија со Србија развива вакви пријателски и толку односи, но дека Македонија треба да развива вакви односи и со Република Бугарија.

После ваквата изјава која доаѓа од официјална Софија, човек не може а да не се праша како Бугарија може да бара вакво нешто, кога од друга страна ја негира самобитноста и идентитетот на македонската нација, одејќи до таму дури и да ги присвои некои личности од историјата на  Македонија. Најдобар пример е прикажувањето на основоположниците на Кириличната азбука просветителите Кирил и Методиј како Бугари. Имено Република Бугарија негирајќи се што е македонско, овие просветители ги прогласи за Бугари, што беше повод за реакција и на некои други земји-членки на ЕУ. На пример, Чешка и Словачка прво ја критикуваат ЕУ и Бугарија поради односот кон Северна Македонија. Во критиката од овие две земји се вели “Северна Македонија веќе 15 години е жртва на двосмисленоста во ЕУ”, пишуваат во заеднички став чешкиот и словачкиот министер за надворешни работи. Велат дека нема да дозволат ЕУ да стане судија за историски прашања.

Пристапот на ЕУ кон Северна Македонија е пример за испраќање измешани и нејасни сигнали до земјите-аспиранти за членство, пишуваат во заеднички коментар за „ЕУ Обзервер“ министрите за надворешни работи на Чешка и на Словачка, Томаш Петричек и Иван Корчок. „Со текот на времето, Северна Македонија ги исполни сите потребни услови, дури и најтешките поврзани со сопственото име. Се сомневаме дека која било од сегашните земји-членки на ЕУ би имала капацитет и волја да го стори истото. Сепак, ветената награда за отворање на пристапните преговори со ЕУÖ не дојде. Во 2019 година, одлуката на Европскиот совет да одобри отворање на преговорите беше одложена не еднаш, туку двапати, потоа, минатата година, Северна Македонија се соочи со уште една пречка и повторно беше побарано да исполни барања поврзани со нејзиниот национален идентитет. Покрај тоа, есента минатата година, беше поднесено ново и прилично изненадувачко барање – ЕУ да се направи колективен судија за историски толкувања - за тоа што е правилно, погрешно, точно и лажно во изминатите стотици години од историјата на Балканот!“, пишуваат Петричек и Корчок.

Деновиве слични реакции слушаме и од други земји членки на ЕУ, како што е Германија, Португалија и др. Што укажува на тоа дека Бугарија со ова све уценувачко однесување и апсурдни барања се повеќе станува изолирана и се поосамена земја.

Автор на програмата е Ремзи ЏАНОВА, новинар во Скопје.



Слични вести