Северна Македонија: Билансот на починати од Ковид-19 изнесува над 3.000

Во последните 24 часа се реализирани 2.275 тестирања за Ковид-19

1585054
Северна Македонија: Билансот на починати од Ковид-19 изнесува над 3.000

Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 358 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата порасна на 97.456.

Од последици предизвикани од коронавирусот во истиот период починаа 5 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 3.003.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 341 оздравен пациент од Ковид-19, додека вкупната бројка на излекувани изнесува 88.301

Во моментот, бројот на активни случаи на Ковид-19 е 6.152.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.275 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 489.991 тестирање.



Слични вести