Претседателот Ерсин Татар разговараше телефонски со Жозеп Борел

Жозеп Борел го побара по телефон претседателот на Турската Република Северен Кипар Ерсин Татар кого го информира за тоа дека посетата на островот која беше планирана за 19 февруари е одложена за 4-5 март

1585334
Претседателот Ерсин Татар разговараше телефонски со Жозеп Борел

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар оствари телефонски разговор со високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика и воедно потпретседател на Европската комисија (ЕК) Жозеп Борел.

Според објавеното соопштение од кабинетот на претседателството на Турската Република Северен Кипар (ТРСК), Жозеп Борел го побара по телефон претседателот Татар и го информира за тоа дека посетата на островот којашто беше планирана за 19 февруари, е одложена за 4-5 март годинава.

Освен тоа, во остварениот телефонски разговор беа направени и обострани проценки во врска со состојбата на Кипар.

Според вестите објавени во кипарско-грчкиот печат, високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика и воедно потпретседател на Европската комисија (ЕК) Жозеп Борел разговараше телефонски и со лидерот на кипарско-грчката управа Никос Анастасидадис.



Слични вести