Ерсин Татар: Кипарските Турци апсолутно нема да се откажат од своите црвени линии

Претседателот на Турската Република Северен Кипар Ерсин Татар рече: „Гаранторството на Турција, присуството на турските војници на Кипар, нашиот суверенитет и нашата политичка еднаквост се нашите црвени линии и апсолутно не можеме да се откажеме од нив“

1584221
Ерсин Татар: Кипарските Турци апсолутно нема да се откажат од своите црвени линии

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар објави писмено соопштение во кое информира дека во врска со Кипарското прашање постојат инцијативи за организирање на неформален состанок во формат 5+1 под водство на Обединетите нации (ОН) и со учество и на гаранторските земји (Турција, Грција и Велика Британија).

Татар рече: „Гаранторството на Турција, присуството на турските војници на Кипар, нашиот суверенитет и нашата политичка еднаквост се нашите црвени линии и апсолутно не можеме да се откажеме од нив.“

Велејќи дека во овој процес продолжуваат со нивно интензивирање и провокациите на кипарско-грчката страна, претседателот Ерсин Татар нагласи дека кипарско-грчката страна која бара „да биде укинато гаранторството на Турција и да бидат оддалечени турските војници од Кипар“ уште еднаш соопшти дека не може да се прифати „суверената еднаквост“ којашто е една од црвените линии на турската страна.

Татар истакна дека кипарско-грчкиот главен преговарач Андреас Мавројанис при давање на оваа изјава употребувајќи го изразот „барањето на турската страна на суверена еднаквост ќе биде крај за татковината“, уште еднаш покажа отворено дека кипарско-грчкиот менталитет не е променет и дека никогаш нема да се промени.

„Според изразот ‘татковина’ кој го употребува Мавројанис, единствениот сопственик и господар на Кипар се само кипарските Грци и кипарскиот турски народ е малцинство. И лидерот на кипарско-грчката управа Никос Анастадиадис во голем број негови дадени изјави досега велејќи дека ‘кипарските Турци се малцинство, и малцинствата немаат право на сувереност и политичка еднаквост’ го презентира отворено застарениот, расистичкиот и доминирачкиот кипарско-грчки менталитет.“ - рече Ерсин Татар.

Велејќи „Гаранторството на Турција, присуството на турските војници на Кипар, нашиот суверенитет и нашата политичка еднаквост се нашите црвени линии и апсолутно не можеме да се откажеме од тоа“, претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар укажа дека откажувањето од нив значи да се прифати да се западне под потчинетост на кипарските Грци.

 



Слични вести