Албин Курти прогласи победа на изборите на Косово

Движењето „Самоопределување“ освои 48,17 отсто од преброените 98,25 отсто гласови

1583698
Албин Курти прогласи победа на изборите на Косово

 

Со завршувањето на пребројувањето на 98,25 отсто од гласовите на предвремените општи избори на Косово кои се одржаа  вчера, (14-ти февруари недела), Движењето „Самоопределување“ кое освои 48,17 отсто од преброените гласови, ја прогласи својата победа.

Албин Курти, лидерот на Движењето „Самоопределување“ (ВВ) и истовремено кандидат за премиер, на прес-конференцијата во седиштето на неговата партија им се заблагодари на сите инволвирани во изборниот процес, вклучително и на неговите политички противници, за фер и непречената трка.

Нагласувајќи дека големата победа им нуди можност да ја иницираат промената што ја сакаат, Курти рече:

„Ни претстои многу работа и задачи, бидејќи земјата е во повеќекратна криза. Не очекува долг пат. Ќе има пречки, ќе правиме грешки, но нашата цел е добра и благородна. Јас секогаш ќе бидам отворен кон вас. Ние никому нема да му се одмаздиме. Ние ќе бараме одговорност од секого и секаде“.

Одговарајќи на едно прашање на новинарите за тековниот процес на дијалог со Србија, Курти изјави дека нивниот приоритет не е воспоставување тим за дијалог со Србија, туку правда и отворање нови области за вработување.

На изборите во Косово, за влез во парламентот со 120 пратеници се натпреваруваа кандидатите на 28 политички организации.

Курти и партијата односно движењето „Самоопределување“ на последните општи избори одржани во октомври 2019 година беше партија која доби најмногу гласови.



Слични вести