Предвремени парламентарни избори во Косово

Право на глас имаат 1 милион 794 илјади 862 гласачи на територијата на земјата, како и околу 100 илјади гласачи пријавени од странство, а гласањето се одвива во вкупно 888 гласачки центри во 2.392 гласачки места

1583119
Предвремени парламентарни избори во Косово

Граѓаните на Косово денеска гласаат на предвремените парламентарните избори кои се одржуваат по осми пат по стекнувањето на својата независност и преминот кон политички плурализам.

Чинот на гласање започна во 07:00 часот и ќа трае до 19:00 часот по локално време. 

Гласањето се одвива според пропишаните мерки и правила за спречување на ширењето на новиот тип коронавирус (Ковид-19), поради што е задолжително да се носи маска и да се користат средства за дезинфекција на рацете.

За гласачите кои поради Ковид-19 се наоѓаат во самоизолација се ангажирани повеќе од 1.000 мобилни тимови.

Според податоците на Централната изборна комисија на Косово, право на глас имаат 1 милион 794 илјади 862 гласачи на територијата на земјата, како и околу 100 илјади гласачи пријавени од странство. Гласањето се одвива во вкупно 888 гласачки центри во кои има 2.392 гласачки места. 

На денешните предвремени парламентарни избори за новиот состав на Собранието на Косово кое брои вкупно 120 пратенички места се натпреваруваат 28 политички субјекти од кои 21 политичка партија, две коалиции и 5 граѓански иницијативи, а се пријавени вкупно 1.052 кандидати за пратеници.

На изборите учествуваат две партии на Турците и тоа; Турската демократска партија на Косово (КДТП)  на чело со Фикрим Дамка и Иновативната партија за турско движење (ЈТХП)  Турската партија на иновативно движење (ЈТХП) на чело со Ертан Симитчи.

Од вкупно 120 пратенички мандати во Собранието на Косово 20 се резервирани за немнозинските заедници, 10 за српската и 10 за останатите заедници од кои 3 за Бошњаците, 2 за Турците, 4 за Ромите, Еѓипќаните и Ашкалиите и едно за Горанците.

Изборите ги следат околу 20 илјади набљудувачи од политички субјекти, невладини организации, претставници на амбасади, медиуми и други.

Инаку, денешните предвремени парламенатарни избори во Косово се одржуваат откако Уставниот суд на 22 декември 2020 година го прогласи како неуставен гласот „за“ на пратеникот од редовите на малцинствата во Собранието на Косово, Етхем Арифи.

Тој беше еден од 61-от пратеник кои гласаа за формирање на Владата на Косово на чело со премиерот Авдула Хоти на 3 јуни во 2020 година, но Уставниот суд донесе одлука дека пратеникот на Партијата на Ашкалиите за интеграции (ПАИ) Етхем Арифи немал право да биде дел од Собранието на Косово бидејќи беше осуден со затворска казна од 1 година и 3 месеци, со што Владата остана без потребното мнозинство во Собранието.

На тој начин по одлуката на Уставниот суд падна Владата на Авдула Хоти која беше избрана со гласовите на 61 пратеник од вкупно 120 пратеници во Собранието.

Потоа Уставниот суд побара од вршителката на должноста претседател на Косово Вјоса Османи да прогласи нови предвремени парламентарни избори во рок од 40 дена.

Османи 7 јануари 2021 година го распушти Собранието и ги прогласи предвремените парламентарни избори за 14 февруари.

Последните парламентарни избори во Косово кои исто така беа предвремени, беа одржани на 6 октомври 2019 година.

 



Слични вести