Турција и достави на Турската Република Северен Кипар уште 40 илјади дози вакцини „Синовак“

Министерот за здравство на Турската Република Северен Кипар Али Пилли им се заблагодари на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, потпретседателот Фуат Окатј и на министерот за здравство Фахреттин Коџа за доставената поддршка и во периодот на пандемијата

1582096
Турција и достави на Турската Република Северен Кипар уште 40 илјади дози вакцини „Синовак“

Турција, во рамките на борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) и достави на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) уште 40 илјади дози вакцини „Синовак“.

Министерот за здравство на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Али Пилли им се заблагодари на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, потпретседателот Фуат Окатј и на министерот за здравство Фахреттин Коџа за доставената поддршка и во периодот на пандемијата, исто како што се прави секогаш од страна на Турција.

Велејќи дека вакцините се многу значајни во целиот свет, министерот Пилли рече: „Додека во светот постојат толку многу тешкотии, кога е толку многу тешко да се дојде до вакцини, Турција која секогаш била покрај нас, не не остави сами и по прашањето на вакцините. Во моментов од Турција пристигнаа вкупно 80 илјади вакцини. 40 илјади вакцини се реализирани, а во наредните денови според редоследот ќе бидат извршени и новодојдените 40 илјади вакцини.“

Министерот Пилли се осврна и на тоа дека планот за вакцинација продолжува да функционира систематски и истакна дека најпрвин се вакцинираат здравствените работници и граѓаните над 65 години, а потоа според редоследот ќе бидат вакцинирани сите граѓани.

Министерот за здравство на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Али Пилли додаде дека се има за цел пандемијата да се стави под контрола со вакцинација и потоа во април да бидат отворени сите сектори.

 



Слични вести