На 14 февруари во недела Косово оди на предвремени парламентарни избори

На предвремените парламентарни избори на 14 февруари, во недела, на кои за влез во Собранието составено од 120 пратеници ќе се натпреваруваат 28 политички субјекти

1582516
На 14 февруари во недела Косово оди на предвремени парламентарни избори

На 14 февруари во недела Косово оди на предвремени парламентарни избори.

Овие избори се осми парламентарни избори од кои три редовни и четири предвремени коишто се одржаа по војната во 1998-1999 година. По преминот кон политички плурализам, во земјата досега се одржани седум парламентарни избори од кои три редовни до 2007 година, и четири предвремени од 2010 година досега.

На предвремените парламентарни избори на 14 февруари, во недела, на кои за влез во Собранието составено од 120 пратеници ќе се натпреваруваат 28 политички субјекти од кои 10 места се гарантирани за српската заедница, додека 10 места за другите заедници, Турци, Бошњаци, Роми, Ашкалии, Горани и Египќани.

Меѓу овие партии се наоѓаат и две партии на Турците и тоа Турската демократска партија на Косово (КДТП)  на чело со Фикрим Дамка и Иновативната партија за турско движење (ЈТХП)  Турската партија на иновативно движење (ЈТХП) на чело со Ертан Симитчи.

На изборите се регистрирани со право на глас вкупно 1 милион 794 илјади 862 гласачи, како и 102 илјади 100 гласачи во странство.

Бројот на гласачките центри во Косово изнесува 888 со вкупно 2.382 гласачки места.

На одржаните избори до денеска ниту една партија не можеше да го обезбеди мнозинството за формирање на самостојна влада, така што недоразбирањата меѓу коалиционите партнери ја водеа земјата на предвремени избори. 

Изборите на 14 февруари ќе се одржат откако Уставниот суд на Косово на 22 декември 2020 година го прогласи како неуставен гласот „за“ на пратеникот од редовите на малцинствата во Собранието на Косово, Етхем Арифи.

Тој беше еден од 61-от пратеник кои гласаа за формирање на Владата на Косово на чело со премиерот Авдула Хоти на 3 јуни во 2020 година, но Уставниот суд донесе одлука дека пратеникот на Партијата на Ашкалиите за интеграции (ПАИ) Етхем Арифи немал право да биде дел од Собранието на Косово бидејќи беше осуден со затворска казна од 1 година и 3 месеци, со што Владата остана без потребното мнозинство во Собранието.

Уставниот суд побара од вршителката на должноста претседател на Косово Вјоса Османи да прогласи нови предвремени парламентарни избори во рок од 40 дена.

Османи 7 јануари 2021 година го распушти Собранието и ги прогласи предвремените парламентарни избори за 14 февруари.

 



Слични вести