Расистички напади врз две џамии во Црна Гора

Врз две џамии во главниот град на Црна Гора, Подгорица и градот Никшиќ со пауза од еден ден беа извршени расистички напади

1581113
Расистички напади врз две џамии во Црна Гора

Врз две џамии во главниот град на Црна Гора, Подгорица и градот Никшиќ со пауза од еден ден се реализирани расистички напади.

На ѕидовите и влезот на џамијата Хаџи Исмаил која е единствена џамија во Никшиќ, алудирајќи на геноцидот во Сребреница во Босна и Херцеговина кадешто беа убиени повеќе од 8 илјади Бошњаци муслимани беа напишани изрази „Сребреница“ и „И Никшиќ ќе стане Сребреница“, како и „Турци“ мислејќи на муслиманите во земјата.

Претставникот за Никшиќ на Исламската заедница на Црна Гора Мирсад Аговиќ истакна дека овој напад е срамен и рече: „Нас не успеаја да не исплашат во 1990'тите години, не ќе можат да успеат и сега. Тие кои го напишаа тоа ја докажаа својата бесрамност.“

Од друга страна, „4С“ симбол на екстремните српски националисти кој значи „Само Слога Србина Спасава“ вчера беше напишано и на дворскиот ѕид на џамијата Османагича во  главниот град Подгорица.

 



Слични вести