Претседателот на ТРСК Ерсин Татар го прими британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар вчера во Лефкоша го прими британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб

1578112
Претседателот на ТРСК Ерсин Татар го прими британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар вчера во Лефкоша го прими британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб.

Средбата на Ерсин Татар со Доминик Раб траеше приближно еден час.

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар во објавеното соопштение по средбата истакна дека беше направена проценка на значајни прашања во врска со Конференцијата за Кипар во формат 5+1, составен од Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и кипарско-грчкиот дел и трите гаранторски земји (Турција, Грција и Велика Британија) и Обединетите нации (ОН).

Татар појасни дека стабуилноста на островот може да се воспостави само со меѓусебното признавање на двете држави и го изрази своето задоволство од покажаната блиска заинтересираност од страна на британскиот министер кон прашањето. 

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар нагласи дека со британскиот  министер за надворешни работи Доминик Раб разговараа и за тоа како Велика Британија би можела да обезбеди поголема придобивка од излезот од Европската унија (ЕУ), кој пак рекол дека ќе се фокусира на ова прашање.



Слични вести