Во Македонија и пописот се политизира

Претстојниот попис ќе не соочи со нашите најголеми стравови

1577257
Во Македонија и пописот се политизира

 

Земји кои немаат долг стаж во погледот на демократијата и плуралистичката мисла, тежнеат кон тоа секое прашање да го исполитизираат до мерка да се западне во ќорсокак, од кој тешко се наоѓа излез. Во таквите земји или општества на секој проблем му се придава најчесто непотребно политичко значење што и оневозможува да се изнајде прагматично решение или разврска, што ќе го отвори патот на развојот на едно општество. За жал и Република Северна Македонија барем формално може да се стави во листата кои не можат да се пофалат со некаков стаж во поглед на демократијата и плуралната мисла. Најчесто во таквите земји или општества, следствено на тоа и во Македонија, постои неодолива склоност кон политизација на се и сешто.

Така на пример би рекол едно чисто техничко или чисто статистичко прашање, односно прашање како што е пописот, благодарение на власта и опозицијата се претвори во вистински лавиринт, кој бара еквилибристичен приод. Додека владејачката коалиција составена од Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија (СДСМ) и нејзиниот албански партнер, Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), законот за попис кој пред кратко време во македонскиот парламент беше усвоен само со гласовите на пратениците на мнозинството, предлагаат на овој попис да се попишуваат три врсти на граѓани: Резиденти (граѓани кои живеат и работат во земјата и имаат свое вообичаено живеалиште), граѓани на Република Македонија кои престојуваат во странство но не подолг период од една година, како и нерезидентно население кои повеќе од една година живеат во странство. Опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ искажува голема недоверба на овој начин на попишување на населението, предлагајќи пописот да се реализира по електронски пат на кој ќе се употребат дигитални апарати за оттисок, со што ќе се спречи секаква манипулација при давањето на податоци за останатите членови во семејството или куќата или пак во станот во кој живеат, а во моментот на попишувањето се отсутни.

Ваквиот став на опозицијата се должи на нејзината долго годишен анимозитет кон Албанците во Македонија, не би ли се направи некаква заедничка манипулација со резултатите на пописот, со што бројот на припадниците на Албанците во Република Северна Македонија би се прикажал повеќе од 20% или во најлош случај да го задржи истиот процент на албанскиот етникум во Македонија. Веројатно на тоа се должат изјавите од албанскиот кампус во кои нивни претставниците расфрлуваат со изјавите во стилот „Процентот под 20 нема да го признаеме” или „процентот нема да биде помал од 25%“, што предизвикува револт кај македонскиот дел од населението.

Но во земјата постојат и такви кои тврдат дека претстојниот попис ќе не соочи со нашите најголеми стравови. Но, тоа не се стравови од ‘другиот’, туку од тоа колку сега не има во државата“.

Околу 450 илјади, 500 илјади или многу повеќе - ќе покаже ли пролетниот попис колку луѓе се иселени од Северна Македонија во изминативе две децении. Проценките се дека 500 илјади граѓани ја имаат напуштено земјата во надеж за подобар живот во прекуокеанските земји или пак во Европа. Тоа претставува речиси 22% од вкупното население во земјата кое што достигна бројка од 2.076.255, според податоците на Заводот за статистика од 2019 година.

Додека Светската банка, Еуростат и Обединетите нации преку најразлични анализи, истражувања и студии изминативе години правеа напори да ја пребројат дијаспората, се уште нема релеватни податоци колкумина заминале од земјата и на кој континент најчесто се одлучиле да го започнат новиот живот. Надежите се дека пописот на кој се чека веќе 19 години, ќе ја преброи и дијаспората и ќе даде појасна слика за штетите коишто ги трпи државата од незапирливото иселување, пред се на високообразованиот кадар.

Во недостиг на официјални податоци, во игра се лицитации и за бројот на населението во земјата, но и околу бројката на дијаспората. „Она што навистина треба да не плаши е бројката на иселени од државата“, предупредува и претседателот Стево Пендаровски. „Се иселуваат млади луѓе од сите заедници. Точно е дека претстојниот попис ќе не соочи со нашите најголеми стравови. Но, тоа не се стравови од ‘другиот’, туку од тоа колку сега не има во државата“, со право оценува тој.

Aвтор на програмата е Ремзи ЏАНОВА, новинар во Скопје.



Слични вести