Делегација на Уставниот суд на Северна Македонија во посета на Врховниот суд на Турција

Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија Салих Мурат и делегацијата во негова придружба кои престојуваат во посета на Турција во рамките на своите разговори денеска беа во посета на Врховниот суд во Анкар

1573826
Делегација на Уставниот суд на Северна Македонија во посета на Врховниот суд на Турција

Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија Салих Мурат и делегацијата во негова придружба во рамките на посетата на Турција го посетија Врховниот суд во Анкара.

Дел од делегацијата на Врховниот суд на Турција беа претседателот на Врховниот суд Мехмет Акарџа, републичкиот главен обвинител на Врховниот суд Бекир Шахин, шефот на Генералниот кривичен совет при Врховниот суд Ејуп Јешил, шефот на Генералниот правен совет на Врховниот суд Адем Албајрак, генералниот секретар на Врховниот суд Февзи Јилдирим, членот на Врховниот суд Билгин Башаран и и заменик-генералниот секретар на Врховниот суд Мустафа Салдирим.

Од друга страна, делегацијата на Уставниот суд на Северна Македонијабеше составена од претседателот на Уставниот суд Салих Мурат, членовите на Уставниот суд Елена Ѓошева, Јован Јосифовски и Осман Кадриу, како и советничката на Уставниот суд Љубица Ангелова.

Делегацијата на Северна Македонија беше придружувана и од страна на генералниот секретар на Уставниот суд на Турција Мурат Шен.

Претседателот на Врховниот суд на Турција Мехмет Акарџа, за време на средбата потсети дека двете земји имаат соработка во повеќе области, пред сѐ во правосудството.

Акарџа, упатувајќи благодарност до Салих Мурат за дадениот придонес, рече дека оваа посета уште повеќе ќе даде придонес во горенаведената соработка.

Претседателот на Уставниот суд на Северна Македонија Салих Мурат, изрази задоволство за посетата на Турција и Врховниот суд на оваа земја, додавајќи дека носи поздрави од својот роден крај.

Мурат нагласи дека во рамките на посетата на Турција, вчера имале средби во Уставниот суд на Турција.

Според него, односите помеѓу двете земји се засновани врз пријателство и братство и во текот на разговорите извршиле меѓусебна размена на искуства. (Агенција Анадолија-АА)

 



Слични вести