Претседателот на Собранието Мустафа Шентоп го прими претседателот на Уставниот суд на Северна Македонија Салих Мурат

Средбата се одржа во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) и во оваа пригода Шентоп изрази задоволство за нејзиното одржување, додавајќи дека делегацијата се наоѓа во официјална посета на Турција и дека ќе биде примена и кај претседателот Ердоган

1573154
Претседателот на Собранието Мустафа Шентоп го прими претседателот на Уставниот суд на Северна Македонија Салих Мурат
TBMM Başkanı Mustafa Şentop Kuzey Makedonya Anayasa Mahkemesi Başkanı Salih Murat2.jpg
TBMM Başkanı Mustafa Şentop Kuzey Makedonya Anayasa Mahkemesi Başkanı Salih Murat3.jpg

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп денеска во Анкара ја прими на средба делегацијата на Уставниот суд на Северна Македонија предводена од претседателот на Уставниот суд Салих Мурат.

Средбата се одржа во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) и во оваа пригода Шентоп изрази задоволство за нејзиното одржување, додавајќи дека делегацијата се наоѓа во официјална посета на Турција и дека ќе биде примена и кај претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Мустафа Шентоп нагласи дека односите помеѓу Турција и Северна Македонија се на многу добро ниво.

Според него, Турција е една од земјите која прва ја призна независноста на Република Северна Македонија.

„Исто и потоа, Турција секогаш стоеше до и ја поддржуваше [Северна Македонија], што се однесува до развивањето на односите со европските и атлантските институции“ - рече Шентоп.

Тој истакна дека Турција секогаш вложува напор за да го истакне своето пријателство кон Северна Македонија кога било потребно.

- „Пријателството помеѓу Турција и Северна Македонија е вистинско“

„Најблискиот пример за тоа се помошта од медицинска опрема која Турција во рамките на своите можности ги испрати за време на пандемијата. По завршување на пандемијата, најверојатно секоја земја ќе има можност да ги одвои вистинските пријатели од оние кои не биле пријатели. Верувам дека на крајот на овој процес сите ние ќе имаме можност да видиме дека пријателството помеѓу Турција и Северна Македонија е вистинско“, изјави Шентоп.

Од друга страна, претседателот на Уставниот суд на Северна Македонија Салих Мурат, изрази задоволство што се наоѓаат во Турција и што се примени на средба во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ).

Салих Мурат рече дека Северна Македонија сака уште повеќе да ги развие односите со Турција.

„Со Турција дејствуваме пријателски и братски. Турција секогаш стоеше покрај Северна Македонија. Главната цел на нашата посета е развивање на односите помеѓу двете земји“ - истакна претседателот на Уставниот суд на Северна Македонија Салих Мурат. (Агенција Анадолија-АА)

 



Слични вести