Стратешка анализа

Македонија никој не ја спасува

1568009
Стратешка анализа

 

Во политиката некој пат се случуваат необјасниви феномени. Токму тоа се случува деновиве на политичката сцена во Република Северна Македонија. Откако еден не така очекуван удар од политичкото раководство на соседна Бугарија, Македонија а особено лично премиерот Зоран Заев во овој момент очигледно се чувствува како грогиран боксер кој се наоѓа во нокдаун. Дали беа новогодишните и божиќни празници во прашање или не, темата за односот на Бугарија кон Македонија, како де падна доста подолу на политичката агенда во Македонија.

Дали палењето  на бугарското знаме на одржаниот традиционален карневал во општината Вевчани во Република Северна Македонија или постои некоја  друга причина, но бугарското ембарго против Македонија полека но сигурно како повторно да се искачува на листата на политичките прашања и приоритети во Македонија. Македонскиот премиер Зоран Заев по тешкиот удар како да се освестува помалку, па деновиве ќе изјави дека преговорите со Софија нема да се водат се до март, кога се очекува во Бугарија да се одржат избори. Дали ставот на македонскиот премиер значи очекување дека по мартовските избори во Бугарија на власт ќе дојде некоја нова гарнитура која ќе биде понаклонета кон Скопје и ќе ги поврати изгубените надежи на премиерот Заев и Република Северна Македонија за добивање зелено светло за почеток на преговорите со ЕУ или пак несакајќи да му нанесе некаква политичка штета на бугарскиот премиер Бојко Борисов, кој пред изборите мора да игра на карта на “Цврстина“ се додека ги добие изборите, а потоа....   

Што се однесува до ова прашање, вчера се случи и уште еден би рекол преседан. Владата на Заев, од почетокот на преговорите со Бугарија и покрај инсистирањето на опозицијата и нејзиниот лидер Христијан Мицковски, да го запознаат парламентот за содржината на преговорите со Бугарија, Заев одбиваше да го стори тоа. Но тој пред некој ден напомена дека во координација со претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика ќе се договори точен термин за одржување на седницата на која пратениците од таа Комисија ќе бидат информирани за тековните случувања со Бугарија. За деталите од размената на идеи меѓу работните групи и  министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Бугарија, за нонпејперот, последното размислување кон соседната земја, но и нивната реакција која следеше како одговор на македонскиот Акциски план веројатно ќе бидат информирани пратениците во собраниската Комисија за надворешна политика.

Како стојат работите, разврската тешко ќе се разреши. Очигледно иако некои кругови мислат дека “Булдожер” дипломатијата на чичко Сем, отаде Океанот ќе ја спаси Македонија од оваа пат позиција. Така завчера португалската државна секретарка задолжена за ЕУ, Ана Паула Закариаш, порача дека нејзината земја која претседава со ЕУ до први јули годинава се надева дека ќе се деблокира спорот со Софија и ќе може да се одржи првата меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија. Таа порача дека проширувањето на ЕУ е приоритет за португалското претседателство, што започна на први јануари и трае до триесетти јуни оваа година. Таа додаде дека во тек се контакти со двете страни, Скопје и Софија, за изнаоѓање решение за билатералниот спор кој го кочи отворањето на преговорите со ЕУ. Очигледно се водат политички контакти со Бугарија и со Република Северна Македонија за да се успее да се изнајде пат кон отворање на процесот.Очигледно дека во овој момент се потребни дополнителни политички разговори помеѓу двете страни. Иако еден поранешен македонски дипломат“ претворен во аналитичар на страната на националистите”, долго време тврди дека Вашингтон е крив затоа што може да го реши спорот со Бугарија, ама не сака Америка. Никако тој и многуте како него да сфатат дека Македонија од оваа ситуација никој не може да ја спаси освен таа самата.

Автор на програмата е Ремзи ЏАНОВА, новинар во Скопје.



Слични вести