Грција ќе купи 18 борбени авиони „Рафал“ од Франција

Министерот за одбрана Панагиотопулос ече дека предлог-законот усвоен од парламентот „пренесе јасна порака во сите правци“

1564177
Грција ќе купи 18 борбени авиони „Рафал“ од Франција

 

Грчкиот парламент го одобри нацрт-законот за набавка на 18 борбени авиони „Рафал“ од Франција.

На седницата за гласање што се одржа во парламентот, беше усвоен нацрт-законот со кој се предвидува набавка на 18 воени авиони Рафал, од кои 6 нови и 12 половни, а чија цена на набавка ќе чини 2,5 милијарди евра.

Министерот за одбрана Никос Панагиотопулос во изјавата за печатот по гласањето рече дека предлог-законот усвоен од парламентот „пренесе јасна порака во сите правци“.

Се наведува дека првата испорака од Франција ќе биде примена во јули и испораката на сите 18 авиони во Грција се предвидува да заврши кон средината на 2023 година.

Под сенката на тензиите во Источниот Медитеран и на Егејското Море, администрацијата во Атина и покрај финансиските тешкотии, политиките за стегање на ременот и штедење кои ги спроведува со години, економската слика која се одржува благодарение  поддршката на Европската унија (ЕУ), во 2021 избра да го зголеми својот удел во буџетот за вооружување за 5 пати.

Планот за воени трошоци на официјална Атина, која објави дека за одбраната за 2021 одвојува 5,49 милијарди евра, за вооружувањето во одбраната 2,5 милијарди евра, го достигна највисокото ниво во последните 11 години.



Слични вести