Досие анализа

И црквата до гуша во политиката

1564033
Досие анализа

 

Деновиве политичката агенда во Република Северна Македонија не доминира веќе долго доминантната тема пандемијата на коронавирусот, односно Ковид-19 или преговорите (или ако сакате разговорите) со Република Бугарија. Оправдано или не денес доминира темата попис на населението, кој треба да се одржи помеѓу 1 и 21 април оваа година во Македонија. И како што е вообичаено копјата околу ова прашање се кршат помеѓу позицијата и опозицијата. Меѓутоа невообичаено е што на овие дискусии се приклучи и Македонската Православна Црква, која под плаштот на религијата всушност до гуша е навлезена во политиката, иако Република Северна Македонија и по уставот секуларна држава. Во полемиките коишто се водат деновиве околу пролетниот попис, кој по 18 години треба да се одржи во Северна Македонија, се вклучи и Црквата. МПЦ сака на пописот да ги изброи и верниците. Македонскиот Владика Петар најави дека епархиите на МПЦ-ОА (Македонска Православна Црква-Охридска Архиепископија) ќе го повикаат народот да го бојкотира пописот, ако на пописните листи не постои графа за национална и верска припадност. Експресно му одговори министерот за правда Бојан Маричиќ:

„Владиката Петар смета дека е важно да се знае бројот на верниците во земјата, која од 2020 година, кога е спроведен последниот попис, нема понови статистички податоци ниту за бројот на населението и домаќинствата. Владиката Петар вели дека, црквата е сериозно заинтересирана во најавениот попис да постои графа за етничка и верска припадност, за да знаат колку се православни во Македонија, колку се муслимани, како и на другите вероисповеди и религиозни групи. Да се постапи така, во спротивно ќе се случи народ, односно дека и тие како црква биле засегнати. Владиката вели дека, не само што се заинтересирани за пописот, туку и дека ќе го повикаат народот во нивните епархии да го бојкотираат пописот“.

По овој повик за бојкотирање на пописот, македонската влада се огласи и потврди дека „На пописот во април ќе има графа за национална и верска припадност. Покрај тоа званичниците на власта некако понизно како да го замолуваат Владиката Петар, за доброто на државата да ги повика верниците масовно да го поддржат пописот“.

И лично премиерот Зоран Заев деновиве повтори дека и за пописот, дијаспората може да се изјасни од земјава или од странство каде што живее. И досега македонската дијаспора имаше опционо право на гласање – да гласа преку ДКП-ата (Дипломатско Конзуларните Претсатвништва), каде што е, или со доаѓање дома во Македонија каде ќе можат да се изјаснат на пописот. Тоа преведено значи: Ако припадниците на дијаспората, го искористат правото и се регистрираат навреме, како што е согласно Изборниот законик, ќе може да гласа во дијаспората, а ако не се регистрира и останува само правото да гласа (односно да учествува на пописот и се изјасни на него). Бидејки ќе нема никакво влијание врз спроведувањето на пописот во државата.

Според тоа македонските граѓани кои живеат надвор од државата повеќе од една година ќе бидат попишани како нерезиденти. Ова важи и за граѓани кои во изминативе години се здобиле со бугарски пасош (односно државјанство) и за дијаспората од други етникуми од Македонија кои живеат во Европа, Америка и на другите континенти. Во оваа сложена статистичка операција ќе се попишуваат три категории на граѓани: Ќе се попишуваат резиденти, нерезиденти и вкупно население. „Пописот е обврска и треба да се спроведе затоа што Република Северна Македонија е единствена држава без попис во Европа, па срамота е се уште да се прават експерименти. Тој што е иселен повеќе од една година се смета дека не е резидент и на пописот ќе пишува дека е иселен повеќе од една година, тој дел е јасно решен и за сите етнички заедници“.

Очигледно дека Државниот завод за статистика е целосно подготвен за спроведување на пописот, во контекст на методолошкиот и техничкиот дел на статистичката операција, велат упатените. Во овој момент законот за попис е во собраниска процедура, а на седница се очекува да се најде кон средината на овој месец. Во последниот извештај на Европската комисија (ЕК) беше нотирано дека Македонија мора да спроведе попис на населението во текот на оваа година.

Автор на програмата е Ремзи Џанова, новинар во Скопје.



Слични вести