Претседателот на ТРСК Ерсин Татар ја прими специјалната советничка на ОН за Кипар Џејн Хол Луте

„Ние со овој процес управуваме заедно со Турција. Како кипарско-турска страна сме во постојан контакт со Анкара“ - изјави претседателот на ТРСК Ерсин Тата на приемот на специјалната советничка на генералниот секретар на ОН за Кипар Џејн Хол Луте

1561730
Претседателот на ТРСК Ерсин Татар ја прими специјалната советничка на ОН за Кипар Џејн Хол Луте
KKTC Cumhurbaşkanı Ersin Tatar BM Jane Holl Lute.jpg
KKTC Cumhurbaşkanı Ersin Tatar Jane Holl Lute.jpg

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар  ја прими специјалната советничка на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) за Кипар Џејн Хол Луте.

Во оваа пригода, Татар рече: „Ние сме во целосна консултација и усогласеност со нашата татковина Турција“.

Ерсин Татар истакна дека кипарско-турската страна, консултирајќи се и со Турција јасно стави до знаење дека во рамките на разговорите коишто ќе се одржат во иднина ќе може да се преговара на основа на суверена еднаквост, помеѓу две држави една покрај друга на кипарските Турци и кипарските Грци.

„Ние со овој процес управуваме заедно со Турција. Како кипарско-турска страна сме во постојан контакт со Анкара“ - рече претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар и продолжи со следните зборови: „Јас сум многу радосен од овие разговори. Пред нас беше Луте која навистина не зема за сериозно и која е дојдена овде на разговори откако сосема добро го анализирала тоа што велиме ние. Тоа, е одраз на тоа дека ние во оваа фаза сме успеале да постигнеме нешто. Не би било правилно да се зборува прерано, меѓутоа светот веќе почна подобро да ги гледа вистините на Кипар. Секако ние сме во целосна консултација и усогласеност со нашата татковина Турција. За регионалниот мир, стабилноста и за да би можел да профитира секој, оваа работа треба да се води разумно и логично. Го гледам и тоа дека во моментов почнавме да ги добиваме плодовите и на нашата работа во стопроцентна усогласеност со Турција.“



Слични вести