Поради поплавите прогласена вонредна состојба во јужните делови на Србија

Во објавеното соопштение од противпожарната служба на Србија се истакнува дека екипите ги продолжуваат своите работи во областите подложени на влијанието на поплавите и се вели дека е причинета голема штета особено над земјоделските површини

1562213
Поради поплавите прогласена вонредна состојба во јужните делови на Србија

Поради поплавите коишто освен Ниш ги погодија и другите градови во јужните делови на Србија како Лесковац, Дољевац, Бојник, Власотинце, Владичин Хан и Гадџин Хан, е прогласена е вонредна состојба.

Како што е соопштено во повеќе од 10 илјади домови и работни места не може да се дистрибуира електрична струја.

Во објавеното соопштение од противпожарната служба на Србија се истакнува дека екипите ги продолжуваат своите работи во областите подложени на влијанието на поплавите и се вели дека е причинета голема штета особено врз земјоделските површини.

Српското Министерство за внатрешни работи соопшти дека откако утрово врнежите од дожд го изгубија своето влијание состојбата е ставена под контрола и дека почнаа да се повлекуваат и надојдените води во реките чие ниво беше покачено.

Освен тоа, во објавеното соопштение од Метеоролошката служба на Србија се предупредува дека  нивото на водата во реката Лим е со тенденција на зголемување и дека екипите за пребарување и спасување ќе бидат во готовс во текот на ризичните 24 часа.



Слични вести