Од Ерсан Санер до ОН: Фактот на два еднакви народи и две одделни држави се реалност на Кипар

Премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсан Санер упати повик до Обединетите нации (ОН) за охрабрување на лидерот на Јужната кипарско-грчка управа Никос Анастасиадис по прашањето на решението со две држави

1561277
Од Ерсан Санер до ОН: Фактот на два еднакви народи и две одделни држави се реалност на Кипар

Премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсан Санер пред новите разговори на специјалната претставничка на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) за Кипар Џејн Хол Луте коишто ќе ги започне на островот денеска, објави писмено соопштение.

Ерсан Санер упати повик до Обединетите нации (ОН) за охрабрување на лидерот на Јужната кипарско-грчка управа Никос Анастасиадис по прашањето на решението со две држави.

Велејќи дека фактот за постоење на два еднакви народи и две одделни држави е реалност којашто продолжува на Кипар, Санер рече: „Она што треба да го направат Обединетите нации (ОН) е поаѓајќи од оваа реалност да се откажат од ставот којшто не придонесува за решение и да го дадат својот придонес со нови приоди за постигнување договор и соработка помеѓу две еднакво суверени држави.“

Санер потсети дека на Кипар од 1968 година досега се водени стотици преговори и дека притоа се презентирани бројни идеи или документи, а воедно подвлече дека поради сонот на кипарско-грчката страна да го стави островот под грчка хегемонија, не можеше да се постигне соодветен резултат.

„Кипарско-грчката страна велејќи 'јас сакам федерација' во 2007 година во Кран Монтана уште еднаш јасно покажа дека има за цел кипарско-турската страна да биде сведена во положба на малцинство на кое му е обезбедена одредена автономност, Турција да биде извадена од Кипар и да се држи отворен патот за Еносис (припојување на островот кон Грција), така што тогашниот претседател Мустафа Акинџи мораше да соопшти дека не е можно да се постигне договор за федерално решение со кипарските Грци кои се во потрага по тоа.“ - рече Ерсан Санер, премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

Санер истакна дека она што треба да го направат Обединетите нации (ОН) во оваа точка е да го охрабрат Анастасиадис по прашањето на решението со две држави и да обезбедат сериозен придонес за промена на кипарско-грчкиот менатлитет којшто владее.

 



Слични вести