Претседателот Ерсин Татар напиша писмо до генералниот секретар на ОН Антонио Гутерес

Според објавеното писмено соопштение од претседателскиот кабинет на Турската Република Северен Кипар (ТРСК), претседателот Ерсин Татар напиша писмо со одговор на писмото коешто му беше испратено од страна на генералниот секретар на ОН Антонио Гутерес

1559229
Претседателот Ерсин Татар напиша писмо до генералниот секретар на ОН Антонио Гутерес

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар упати повик до генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес со отворена мисла да се приближи кон формулата за соработка на островот Кипар, на основа на суверена еднаквост и две држави. 

Според објавеното писмено соопштение од претседателскиот кабинет, претседателот Татар напиша писмо со одговор на писмото коешто му беше испратено од страна на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес.

Претседателот Ерсин Татар во писмото истакна дека го поддржуваат неформалниот состанок во формат 5+ОН којшто ќе се одржи со цел да се утврди дали постои заедничка основа помеѓу двете страни на Кипар.

Татар напиша: „За праведен, реален и одржлив компромис, имаме за цел под светлината на новите услови коишто владеат на Кипар и во нашиот регион да се воспостави врска на соработка којашто ќе се потпира на две суверени држави со еднаков меѓународен статус помеѓу двете страни.“

Појаснувајќи дека потрагата по федерално решение на Кипар е процес којшто продолжува со децении, Ерсин Татар потсети дека сите напори и иницијативи за компромис на поранешните генерални секретари на Обединетите нации (ОН) беа попречени од страна на Кипарско-грчката страна.

„И покрај сета флексибилност и добронамерност што ја презентираа Кипарско-турската страна и Турција во Кран-Монтана, Кипарско-грчката страна и Грција без да покажат волја за постигнување решение го попречија компромисот и се обидоа да ја продолжат состојбата на статус кво.“ - рече Татар.

Тој потсети дека се состанале со Џејн Хол Луте која од страна на генералниот секретар на ОН беше назначена за Кипарското прашање, за време на нејзината посета на островот во декември, и дека на оваа средба и било објаснето дека под светлината на новите услови на Кипар и во регионот имаат за цел да се воспостави врска на соработка којашто ќе се потпира на две суверени држави со еднаков меѓународен статус помеѓу двете страни.

Велејќи дека не станува збор преговарачкиот процес на Кипар да започне наново од онаму кадешто беше заврши во Кран-Монтана, Татар нагласи дека процесот којшто ќе се потпира на една нова и заедничка основа треба да располага со временски календар, а за да би бил фокусиран на резултат и смисловен.

Ерсин Татар подвлече дека Кипарско-турската страна не ги дизајнира своите идеи само со приод насочен кон иднината, туку истовремено го зема во предвид елементот на одржливост за да не дојде до повторување и на она неуспшено искуство со Партнерската Република од 1960 година која траеше само три години.

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар нагласи дека ставањето крај на Кипарскиот проблем на утврдената основа ќе помогне за повторно воспоставување на регионалната безбедност и стабилноста и ќе го отвори патот за формирање на визија којашто ќе го опфати целиот Источен Медитеран.

 



Слични вести