На 14 февруари парламентарни избри на Косово

Мандатот на Тачи, кој поднесе оставка, завршуваше во април 2021 година.

1559098
На 14 февруари парламентарни избри на Косово

 

Вјоса Османи, вршител на должноста претседател на Косово и претседател на Собранието, рече дека го распушти парламентот и 14 февруари го одреди за датум за одржување на предвремени општи избори.

Османи рече дека издала директива на Централната изборна комисија на Косово (KQZ) да ги преземе сите неопходни активности за организирање и одржување избори.

Косовскиот претседател Хашим Тачи минатата година во ноември поднесе оставка, откако судот го прифати обвинението за воени злосторства подготвено од Специјалното обвинителство за Косово во Хаг.

Претседателот на парламентот, Вјоса Османи, во согласност со законите во земјата ја извршуваше функцијата вршител на должноста претседател.

Мандатот на Тачи, кој поднесе оставка, завршуваше во април 2021 година.

Специјалното обвинителство во Хаг, во обвинителниот акт на 24 јуни минатата година кој го достави до специјално овластен суд, ги изнесе имињата на високите раководители на Ослободителната војска на Косово (ОВК/УЧК), вклучувајќи ги Тачи и поранешниот претседател на парламентот Кадри Весели, со образложение дека тие извршиле „злосторства против човештвото“ и „воени злосторства“ за време на војната во Косово (1998-1999).

Во обвинението во кое беше изнесено тврдењето дека наведените лица се одговорни за смртта на 100 лица, беше истакнато дека осомничените исто така беа обвинети за воени злосторства како што се убиства, прогонство и тортура.



Слични вести