Двајца потешко повредени во експлозија во Косово донесени во Турција

Амбулантниот авион кој ги презеде 2 повредени, во 08:50 по турско време слета на терминалот за  Генерална авијација на аеродромот Ататурк во Истанбул.

1559148
Двајца потешко повредени во експлозија во Косово донесени во Турција

 

2 до 4 лица кои беа потешко повредени во експлозијата на плинска боца во еден ресторан во Феризај што се случи претходниот ден донесени на лекување во Турција.

На инструкција на претседателот на Републиката Реџеп Тајип Ердоган, беше испратен амбулантен авион за Косово со кој беа донесени повредените.

Амбулантниот авион кој ги презеде 2 повредени, во 08:50 по турско време слета на терминалот за  Генерална авијација на аеродромот Ататурк во Истанбул.

Повредените со амбуланти коли од терминалот беа префрлени на лекување во болница.

Беше најавено дека амбулантниот авионот повторно ќе замине за Косово за да ги донесе и другите 2 повредени.

Повредените ќе се лекуваат во болница за обука и истражување Багџилар и градската болница Картал Др. Е Лутфи Кирдар.

Повеќе од 40 лица беа повредени како резултат на експлозија на плинската боца што се случи претходниот ден во еден ресторан во Феризај, од кои 14 лица со тешки изгореници беа пренесени во Клинички центар на Универзитетот Косово во главниот град Приштина.



Слични вести