Рускиот гас протече низ Србија

Вучиќ: „Проектот ќе даде голем придонес за развојот на српската индустрија и економија и ќе го подобри квалитетот на животот на луѓето во Србија“

1555719
Рускиот гас протече низ Србија

 

Во Србија свечено пуштен во употреба кракот на гасоводот кој ќе го пренесува рускиот природен гас, кој преку кракот на гасоводот Турски тек во Турција, ќе се пренесува за Европа.

На свеченото отворање на гасоводот Госпоџинци кај Жабаљ на северот на земјата присуствуваа Српскиот претседател Александар Вучиќ, министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Томислав Момировиќ, амбасадорот на Русија во Белград, Боцан Харченко и главниот и извршен директор (ГИД) на српската компанија за природен гас Србијагас Душан Бајатовиќ.

Претседателот Вучиќ во говорот на свеченоста рече дека овој ден е од големо значење за неговата земја и дека проектот ќе даде голем придонес за развојот на српската индустрија и економија и ќе го подобри квалитетот на животот на луѓето во Србија.

Посочувајќи дека гасоводот „Турски тек“ обезбедува стабилност и безбедност на Србија во областа на енергетиката, Вучиќ подвлече дека природниот гас што ќе се снабдува преку гасоводот ќе чини поевтино.

Проектот ќе ги зголеми инвестициите во Србија, рече Вучиќ и додаде дека природниот гас преку Србија ќе се доставува до Унгарија и Босна и Херцеговина.

Бајатовиќ ја сподели информацијата дека дневно преку гасоводот што почна да функционира на Србија ќе и бидат испорачани Србија околу 6 милиони кубни метри природен гас.



Слични вести