Силен земјотрес од 6,3 степени во Хрватска

Петриња во близина на главниот град на Хрватска, Загреб е погоден од силен земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтер кој е почувствуван и во соседните земји Босна и Херцеговина, Србија и Словенија

1554064
Силен земјотрес од 6,3 степени во Хрватска

Во близина на Петриња кај главниот град на Хрватска, Загреб кадешто во последните денови се случија неколку земјотреси е евидентиран уште еден земјотрес овојпат со јачина од 6,3 степени според Рихтер.

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар соопшти дека земјотресот беше со јачина од 6,3 степени според Рихтер, додека Германскиот истражувачки центар за геонауки GFZ јави дека јачината на земјотресот изнесуваше 6,4 степени.

Потресот беше почувствуван и во соседните земји Босна и Херцеговина, Србија и Словенија.

Инаку, вчера едно по друго беа евидентирани два земјотреси во Петриња во близина на главниот град на Хрватска, Загреб, со јачини од 5,2 и 5 степени според Рихтер при што беа оштетени некои згради.

 



Слични вести