Претседателот на Собранието Мустафа Шентоп ги посети меѓународните училишта „Маариф“ во Тетово

Шентоп рече: „Како Турција, ние сме поддржувачи на училиштата на Фондацијата ‘Маариф. Како држава, секогаш ќе стоиме до вас. Изразив дека очекуваме неопходна поддршка од Владата на Северна Македонија во врска со ова. И тука пред вас го повторувам тоа.“

1550429
Претседателот на Собранието Мустафа Шентоп ги посети меѓународните училишта „Маариф“ во Тетово
Meclis Başkanı Mustafa Şentop Kuzey Makedonya Maarif Okulları1.jpg
Meclis Başkanı Mustafa Şentop Kuzey Makedonya Maarif Okulları2.jpg
Meclis Başkanı Mustafa Şentop Kuzey Makedonya Maarif Okulları3.jpg
Meclis Başkanı Mustafa Şentop Kuzey Makedonya Maarif Okulları4.jpg
Meclis Başkanı Mustafa Şentop Kuzey Makedonya Maarif Okulları5.jpg

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп, кој отпатува во посета на Северна Македонија по повод по повод 21 Декември, Денот на наставата на турски јазик, ги посети и меѓународните училишта „Маариф“ во Тетово.

Шентоп и делегацијата во негова придружба најпрвин ги посетија различните лаборатории во училиштето и добија информации од надлежните за работата на училиштето, а потоа присуствуваа на програмата што се одржа во конференциската сала на училиштето.

Програмата започна со интонирање на националните химни на Турција и Северна Македонија, а покрај претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп и делегацијата од Турција, присуствуваа и претседателот на фондацијата „Маариф“ од Турција проф. Д-р Бирол Акѓун, претседателот на Уставниот суд на Северна Македонија Салих Мурат, амбасадорот на Турција во Скопје Хасан Мехмет Секизќок, главниот советник на претседателот на Турција Сабри Демири, политичари, академици, претставници на турските институции во земјата и ученици.

Шентоп, во своето обраќање упатувајќи ги поздравите на Турција и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, рече: „Сакам да нагласам дека срцето на 83 милиони луѓе во Турција чука заедно со вашите срца.“

Шентоп обраќајќи се до учениците рече дека мора да се постапува многу повнимателно поради епидемијата Ковид-19 и додаде:

„Како ученици, од вашите наставници продолжете да го барате најдоброто и најубавото и збогатете го вашиот дух и вашиот свет на знаење. За среќа, вашиот мајчин јазик продолжува да постои како знак на вашиот идентитет во образованието и секојдневниот живот во вашата земја полна со спокој.“

Подвлекувајќи дека Турците од Северна Македонија имаат многу стара историска позадина во однос на нивниот национален идентитет и желба за образование на турскиот мајчин јазик, Шентоп нагласи:

„Ова историја започнува со училиштето „Тефејуз“ од пред 125 години. Од 1944 години до денес продолжува без прекин. Вие во овие училишта ги учите вашите национални и духовни вредности, вашата религија и вашата историја.“

 

- „Како Турција, ние сме поддржувачи на училиштата на Фондацијата ‘Маариф‘“

Потсетувајќи дека оваа година гимназијата ‘Маариф‘ во Тетово ги даде и првите матуранти, Шентоп рече: „Во моментот во училиштата се образуваат 545 ученици. Образованието е модерно, ние како Турција сме горди на тоа. Оваа година на националните натпревари во земјата освоивте четири награди. Од Семоќниот Бог посакувам овие успеси да продолжат. Ако училиштата ‘Маариф‘ покрај Тетово, се отворат и во Скопје, и во останатите градови на Северна Македонија, училиштата на фондацијата „Маариф“ ќе се претворат во едно големо семејство.“

Меѓу другото, Шентоп нагласи:

„Како Турција, ние ги поддржуваме училиштата на Фондацијата ‘Маариф. Како држава, секогаш ќе стоиме до вас. Изразив дека очекуваме неопходна поддршка од Владата на Северна Македонија во врска со ова. И тука пред вас го повторувам тоа.“

Истакнувајќи дека имаат цел постоењето на Турција и гласот на турскиот јазик да го прошират низ целиот свет, Шентоп рече: „Со божја помош, во училиштата ‘Маариф‘ повторно ќе почне да оживува и да се гради нашето минато и иднина. Со посебен закон донесен во Големото национално собрание на Турција во 2016 година секој ден нашето семејство се зголемува. Бројот на образовни институции на Фондацијата ‘Маариф‘ на Турција достигна вкупно 322 во 43 различни земји.“

Шентоп исто така додаде дека нивната најголема желба е да отворат училишта и универзитети низ целиот свет и со тоа да ги зајакнат духовните врски.

Информирајќи за почетоците на фондацијата „Маариф“ во Северна Македонија, Шентоп рече дека меѓународните училишта „Маариф“ веќе трета школска година обезбедуваат настава за вкупно 545 ученици.

Шентоп изјави дека ова училиште во Тетово нуди школување на четири јазици: турски, албански, македонски и англиски јазик, и додаде дека фондацијата „Маариф“ има градинка во Скопје. Тој истакна дека доколку се добијат потребните дозволи, освен училиштата во Тетово, договорено е обезбедување на зграда за основно училиште и во Скопје кое со своите активности треба да започне во учебната 2021-2022 година.

Претседателот на фондацијата „Маариф“ - Турција Д-р Бирол Акѓун, зборувајќи дека се обидуваат наставната програма за основно образование во училишта на Маариф ширум светот да ја изградат врз 5 основни принципи, истакна:

„Во овој контекст, имаме за цел секој од нашите студенти да има многу добро модерно образование по природни науки и математика. Второ; Сакаме нашите студенти што подобро да се запознаат себеси и светот, да стекнат перспектива за општествените науки и добра логика за општествени науки од аспект на критичка аналитика. Трето; за технологијата која е нешто задолжително, се обидуваме да обезбедиме добра технолошка инфраструктура за да се подготвиме за светот на иднината.

Четврто; Се обидуваме да дадеме одлично јазично образование. Вложуваме напори на најдобар можен начин, првенствено покрај мајчиниот јазик и официјалниот јазик на земјата, учениците да ги научиме и на турски јазик. Покрај тоа, ги учиме на англиски, француски, шпански, арапски јазик и кој било друг јазик што е раширен во таа земја. Како последно, во сите наши училишта се стремиме учениците на најдобар можен начин да ги научат локалната култура и националните традиции на сопствената држава и сопствениот народ.“

Акѓун посочувајќи дека групите поврзани со терористичката организација ФЕТО, иако со потешкотии, ги продолжуваат своите образовни активности на овие територии, истакна дека се свесни за негативните ефекти од оваа состојба, и истакна дека тие негативности можат да се отстранат само со образование и со отворање на алтернативни институции за образование.

Како дел од програмата, учениците читаа поезија и изведоа музички точки со пијано и гитара.

Во рамките на посетата на Тетово, Шентоп ги посети и Тетовската џамија Алаџа и Харабати Баба Теќе.

 

- Посета на џамијата Алаџа и Харабати Баба Теќе

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп и делегацијата што го придружуваше ја посетија џамијата Алаџа, во рамките на средбите во Тетово. Шентоп беше информиран за џамијата Алаџа, во која беше присутен и тетовскиот муфтија Кани Несими.

Шентоп, кој на излезот од џамијата разговараше и се фотографираше со граѓаните, потоа го посети Харабати Баба Теке. За време на посетата на теќето, Шентоп беше придружуван од страна на Деде Едмонд Брахимај, лидерот на сите Бекташи во светот, чие седиште е во Албанија. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести