Шентоп порача од Скопје: Балканот е портата на Турција кон Европа, а Турција е порта на земјите од Балканот кон Азија

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп истакна дека Балканот е портата на Турција кон Европа, а Турција е порта на земјите од Балканот кон поширокиот азиски регион

1549704
Шентоп порача од Скопје: Балканот е портата на Турција кон Европа, а Турција е порта на земјите од Балканот кон Азија
Meclis Başkanı Mustafa Şentop Üsküp Uluslararası Balkan Üniversitesi Konuşma1.jpg

„Просперитетна Турција е гаранција за безбедноста, мирот и просперитетот на Балканот, Кавказот и Блискиот Исток“ - истакна претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп, во обраќањето на панел дискусијата одржана на Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ) во Скопје по повод 21 Декември - Денот на настава на турски јазик.

Во соработка на Институтот „Јунус Емре“ – Скопје, Фондацијата „Стрелци“ и Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ), по повод 21 Декември - Денот на наставата на турски јазик во Скопје се одржа панел дискусија на тема „Душевно наследство од османлиска Румелија до денес“.

На панел дискусијата одржана во просториите на ИБУ присуствуваа претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ), Мустафа Шентоп и неговата делегација, амбасадорот на Турција во Скопје, Хасан Мехмет Секизќок, турскиот заменик-министер за култура и туризам Надир Алпаслан, претседателот на Уставниот суд на Северна Македонија Салих Мурат, Хајдар Али Јилдиз, претседател на Фондацијата „Стрелци“, претседателот на Управниот одбор на ИБУ, Ајдован Адемоски, ректорот на ИБУ, проф. д-р Мехмет Дурсун Ердем; пратеници, претставници на турски институции и организации во земјата, професори и други гости. 

Во своето обраќање на панел дискусијата, Шентоп истакна дека насловот на панел дискусијата ќе придонесе дополнително да се зајакне постоечкото пријателство и соработка меѓу турската нација и братските нации што живеат на балканските простори.

Наведувајќи дека Балканот е портата на Турција кон Европа, Шентоп нагласи:

„А Турција е порта на земјите од Балканот кон поширокиот азиски регион. Ние сме си потребни едни на други. Потребата од едни од други, не е од неспособноста, туку од потребите за развој. За да ги задоволиме нашите потреби, иднината ни нуди можности. Можностите може да ги процениме со нашите пријатели. Затоа пријателите не треба да ги бараме далеку. Богатството не штети на никого. Треба да соработуваме за да ги решиме проблемите, треба да го развиваме просперитетот. Просперитетна, растечка Турција, е гаранција за безбедноста, мирот и просперитетот на Балканот, Кавказот и Блискиот Исток.“

Истакнувајќи дека епидемијата од новиот вид на коронавирус (Ковид-19) која се појави во Кина на крајот на 2019 година и го зафати целиот свет влијаеше негативно на сите држави, Шентоп рече дека епидемијата ги принудува сите држави повторно да преземат драстични мерки. 

Шентоп наведувајќи дека во борбата со Ковид-19 меѓудржавната соработка е задолжителна, рече дека за време на пандемијата сите увидоа дека државите повеќе не можат сами да ги надминуваат проблемите.

Претседателот на Уставниот суд на Северна Македонија Салих Мурат, во своето обраќање на панелот рече дека се многу задоволни од пријателството и наклонетоста меѓу двете држави за време на разговорите што се одржаа денес.

Наведувајќи дека Турците се една од најконструктивните заедници во Северна Македонија, Салих Мурат рече дека се трудат Северна Македонија да ја преставуваат на најдобар можен начин. 

„Секаде бевме конструктивни елементи. Денес и во Скопје ги поставуваме душевните мостови, кои со векови ги градеа нашите предци. Ние сме тука чувари на 700-годишна цивилизација“, нагласи Мурат. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести