Претседателот на Собранието Мустафа Шентоп во Скопје ја отвори изложбата „Историската авантура на турското стрелаштво“

Претседателот на Собранието на Турција Мустафа Шентоп истакна дека турската нација била исклучително вешта во стрелаштвото и дека најсилните армии од тој период биле на колена благодарение на храброста и вештината на турските стрелци

1549665
Претседателот на Собранието Мустафа Шентоп во Скопје ја отвори изложбата „Историската авантура на турското стрелаштво“
Meclis Başkanı Mustafa Şentop Üsküp'te Türk Okçuluğu Sergisini Açtı1.jpg
Meclis Başkanı Mustafa Şentop Üsküp'te Türk Okçuluğu Sergisini Açtı2.jpg
Meclis Başkanı Mustafa Şentop Üsküp'te Türk Okçuluğu Sergisini Açtı3.jpg
Meclis Başkanı Mustafa Şentop Üsküp'te Türk Okçuluğu Sergisini Açtı4.jpg
Meclis Başkanı Mustafa Şentop Üsküp'te Türk Okçuluğu Sergisini Açtı.jpg

Во Скопје, по повод 21 Декември - Денот на наставата на турски јазик, отворена е изложбата насловена како „Историската авантура на турското стрелаштво“ организирана од страна на Институтот „Јунус Емре“ и Фондацијата „Стрелци“.

На програмата поддржана од Министерството за култура на Северна Македонија одржана во Куршунли Ан, присуствуваа претседателот на парламентот на Турција, Мустафа Шентоп и неговата делегација, претседателот на Уставниот суд на Северна Македонија Салих Мурат, помошник началникот на Генералштабот Азим Нуредини, амбасадорот на Турција во Скопје Хасан Мехмет Секизќок, пратеници, градоначалници и претставници на турските институции и организации во земјата.

Шентоп своето обраќање го започна со читање на стих од Јахја Кемал Бејатли и истакна дека оваа изложба има историска вредност, рече дека од срце честита на драгоцените напори за одржување на оваа изложба со цел да се одржи во живот благословеното наследство на предците во секое поле.

„Стрелаштво“ што ја дефинира употребата на лакот и стрела исклучително место и важност во античката турска историја. Толку многу што Турците, стрелаштвото го прифатиле како начин на живот и се преставени како Стрелашка нација“, нагласи Шентоп.

Истакнувајќи дека лакот и стрелата е прифатена како симбол на правдата и доминацијата во античката турска историја, Шентоп рече дека во турската култура, плоштадите со стрели се опишуваат како свети и овие плоштади се прикажани како дел од рајот.

„Традиционално, ловецот при исфрлување на стрелата заедно со зборот Бисмилах кој го искажува во душата вели ‘О, Аллах (Господ) / Правда‘. Тоа е резултат на религиозната културна мотивација. Главниот извор на основањето на Стрелашките текиња се е ова историско наследство. Најдобрите стрелци беа обучени во Стрелашките текиња, која денес е обновена како ‘Фондација за стрелци‘. Да се ​​биде стрелец потребен е напор, трпеливост и упорност. Исто како денес да си професионален спортист, процесот е тежок“, нагласи Шентоп.

Наведувајќи дека еден стрелец треба да има силни мускули, Шентоп речи: „Затоа три години имаат обука за повлекување на лакот. Другото име на таа обука е страдање. Тоа е некако како да кревате тегови без да учествувате на натпревар. Благодарение на Дервишките текиња кои даваа такво предизвикувачко образование, беше можно да се воспитуваат физички и интелектуално здрави луѓе.“

Шентоп нагласи дека турската нација била исклучително вешта во стрелаштвото и дека најсилните армии од тој период биле на колена благодарение на храброста и вештината на турските стрелци.

„Тоа е турско-воена тактика каде се преправаат дека бегаат од непријателот, но се распоредуваат во вид на полумесечина и го опколуваат непријателот. Оваа тактика што ја користи нашата Армија со години, векови и милениуми, бара координирана акција. Турските вооружени сили ја користеа оваа тактика при отстранување на сепаратистичките предавници од Африн. Азербејџанската Армија користејќи ги искуствата на Турските вооружени сили, исто така, ја користеше оваа тактика во својата операција против ерменските напаѓачи со цел да ги спаси окупираните територии“, посочи Шентоп.

Тој рече дека таа тактика се нарекува „повлекување назад како лак“ и дека причината поради која се нарекува повлекување како лак е затоа што следниот потег е „исфрлување како стрела‘‘.

Додаде дека и балканските простори имаат свој удел во ова историско наследство, а културата и традицијата на стрелаштвото се вкоренети и на овие простори.

Наведувајќи дека Фондацијата за стрелаштво се стреми да ја подигне свеста на младите луѓе да ја негуваат оваа традиција и да ја градат иднината со заштита на ова историско наследство, Шентоп нагласи:

„Изведувањето на уметност и создавањето дело бара грижа, внимание и трпеливост. Изложбите се отвораат со цел активностите од областа на културата и уметноста да се споделат со тие што се заинтересирани со тоа. Ваквите видови на активности со кои ги отелотворува нашите мисли и чувства ни овозможуваат и да се дружиме и затоа се вредни. Уметноста и културата вклучува благодет, добрина и убавина. Од оваа причина, столбовите на една цивилизација се крвотокот на нацијата.“

Меѓу другото, Шентоп посочи дека нацијата што не покажува интерес или грижа за културата и уметноста значи дека животната енергија на таа нација е исцрпена, додаде дека културата и уметноста треба да биде поддржана, а луѓето што се занимаваат со култура и уметност треба да бидат ценети и охрабрени.

„Ние политиката ја гледаме како алатка за ширење и овековечување на нашата култура, уметност и цивилизација. Благодарение на културата и уметноста учиме да го гледаме убавото во животот, и кога ќе погледнеме во нешто да ја видиме убавината на тоа. Нашите срца и нашите души ги храниме со култура и уметност. Некои на времето мислеа дека ние на овие простори доминиравме со моќ. Меѓутоа, ние во Северна Македонија и на целиот Балкан бевме со нашиот благодет, добрината и нашиот морал. Тоа може да се види при посетите во Скопје, Битола и Тетово. Со оваа изложба освен што сме сведоци на историската авантура на турското стрелаштво, ние исфрламе стрели кон опсегот на нашите високи цели. Тоа се воспоставување на правото и вистината на Земјината топка“, нагласи во своето обраќање претседателот на турскиот Парламент, Шентоп.

Заменик-министерот за култура и туризам на Турција Надир Алпаслан, истакнувајќи дека стрелаштвото е исклучително важно за турскиот народ и за Турција, рече дека стрелаштвото откако го изгубило своето значење во војните добило значење како спортска активност.

Алпаслан рече дека Турција во листата на нематеријалното културно наследство на УНЕСКО има 20-тина дела и дека и стрелаштвото е регистрирано во УНЕСКО.

„Ваквите активности ќе ги зајакнат нашите односи со Северна Македонија и ќе ги доведат до идеални нивоа. Во тој поглед, тоа е исклучително важно и значајно. Ова исклучително дело во кое се наоѓаме е едно од најважните дела што ни го оставија нашите предци. Можеби едно од најголемите дела на Балканот. Нашиот Институт ‘Јунус Емре‘ тука ќе создаде многу посебен културен центар и ќе го користи како инструмент за засновање на нашите културни односи во Северна Македонија и на Балканот“, нагласи Алпаслан.

Од друга страна, Хајдар Али Јилдиз, претседателот на Фондацијата „Стрелци“, истакна дека Скопје е град што дефинитивно треба да се спомене кога станува збор за лакот и стрелата.

„Ако ние, како Фондација ‘Стрелци‘, придонесеме за заживување на традиционалните спортови, особено стрелаштвото, ќе дадеме поддршка и на нашиот ценет претседател Реџеп Тајјип Ердоган во неговите напори во процесот на разбирање, градење и заживување на нашата цивилизација. Тоа е главната цел и одговорност на фондацијата ‘Стрелци‘. Наша должност е да ја сносиме оваа одговорност.“ (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести