Претседателот на Собранието Мустафа Шентоп ги продолжи своите средби во Скопје и на вториот ден од посетата

Претседателот на Собранието Шентоп заедно со делегацијата во негова придружба имаа средба со претседателот на Уставниот суд на Северна Македонија Салих Мурат и со членовите на Уставниот суд, а ги посетија и Камениот мост и Старата скопска чаршија

1550111
Претседателот на Собранието Мустафа Шентоп ги продолжи своите средби во Скопје и на вториот ден од посетата
Meclis Başkanı Mustafa Şentop Kuzey Makedonya Anayasa Başkanı Salih Murat2.jpg

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп, своите средби и разговори ги продолжи и на вториот ден од официјалната посета на Северна Македонија, кадешто отпатува по повод 21 Декември, Денот на наставата на турски јазик.

Претседателот на Собранието Шентоп заедно со делегацијата во негова придружба имаа средба со претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија Салих Мурат и со членовите на Уставниот суд.

По состанокот, сликаа заедничка спомен-фотографија.

Мустафа Шентоп и делегацијата во негова придружба го посетија и Камениот мост што ги поврзува двете страни на реката Вардар и минува низ средината на главниот град Скопје.

Притоа Шентоп и делегацијата беа придружувани од Сабри Демир, главниот советник на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, и ја посетија Старата скопска чаршија.

Тие беа пречекани од граѓаните со голема заинтересираност. Често застануваа и разговараа со граѓаните, а исто така не ја одбија и поканата за турски чај на еден од еснафите во чаршијата.

Шентоп со неговата придружна делегација го посети и Сојузот на турските невладини организации во Северна Македонија (МАТУСИТЕБ).

Претседателот на МАТУСИТЕБ Хусрев Емин, на претседателот на Собранието Мустафа Шентоп му даде подарок.

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп потоа учествуваше на свеченоста по повод 21 Декември, Денот на наставата на турски јазик, што се одржа во меѓународните училишта „Маариф“ во Тетово.

За потсетување, Мустафа Шентоп, кој вчера присуствуваше на централната програма по повод 21 Декември, Денот на наставата на турски јазик, имаше средби со претседателот на Парламентот на Северна Македонија Талат Џафери, премиерот Зоран Заев и со претседателот Стево Пендаровски. (Агенција Анадолија-АА) 

 



Слични вести