Падна Владата на Авдулах Хоти, во Косово ќе се оди на нови предвремени избори

Уставниот суд го прогласи за неважечки гласот на пратеникот Етем Арифи кој за време на изборот на Владата на Косово бил правосилно осуден на една година и три месеци затвор со што падна Владата на Авдулах Хоти

1549980
Падна Владата на Авдулах Хоти, во Косово ќе се оди на нови предвремени избори

Во Косово откако на гласањето при изборот на Владата на Авдулах Хоти гласот на еден пратеник беше прогласен за неважечки падна Владата која беше формирана во јуни. 

Со тоа, во Косово ќе се одржат нови предвремени избори.

Уставниот суд го прогласи за прифатливо барањето на Движењето „Самоопределување“ за прогласување за неважечки на гласот на пратеникот Етем Арифи, кој за време на изборот на Владата на Косово бил правосилно осуден на една година и три месеци затвор.

Со оваа одлука на Уставниот суд падна и Владата на Авдулах Хоти која во јуни беше формирана со разлика од само еден глас повеќе. 

Во рок од 40 дена се очекува да се одржат нови избори во Косово.

По оставката на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи на 5 ноември, должноста претседател на државата ја извршува петседателката на Собранието на Косово Вјоса Османи.

Сега Вјоса Османи ќе се состане со лидерите на политичките партии во земјата со цел да се утврди датумот на одржување на новите предвремени избори во Косово.



Слични вести