Свечена церемонија по повод 21 Декември - Денот на наставата на турски јазик во Северна Македонија

На свеченоста присуствуваа претседателот на Собранието на Турција Мустафа Шентоп, претседателот на Собранието на Северна Македонија Талат Џафери, премиерот на Северна Македонија Зоран Заев, претседателот на Уставниот суд Салих Мурат и други поканети гости

1549351
Свечена церемонија по повод 21 Декември - Денот на наставата на турски јазик во Северна Македонија
Kuzey Makedonya Meclis Başkanı Talat Caferi Türkçe Eğitim Günü Programı1.jpg
Kuzey Makedonya Başbakanı Zoran Zaev Türkçe Eğitim Günü Programı.jpg
Kuzey Makedonya Türkçe Eğitim Günü 21 Aralık 2020.jpg

Во присуство на државниот врв, министрите во Владата на Република Северна Македонија, пратениците во Собранието, политичари, претставници на академската заедница и невладиниот сектор, во Скопје се одржа свечена церемонија по повод 21 Декември - Денот на наставата на турски јазик.

Церемонијата се одржа во организација на Сојузот на невладини турски организации во Северна Македонија (МАТУСИТЕБ), со поддршка на Амбасадата на Република Турција во Скопје, ТИКА, Дирекцијата на Турците во странство и сродните заедници (ЈТБ) и Институтот „Јунус Емре“ - Скопје.

На свеченоста присуствуваа претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп, претседателот на Собранието на Северна Македонија Талат Џафери, премиерот на Северна Македонија Зоран Заев, претседателот на Уставниот суд Салих Мурат, амбасадорот на Турција во Скопје Хасан Мехмет Секизќок, претседателот на МАТУСИТЕБ Хусрев Емин, како и други поканети гости.

- Џафери: „Турција е наш традиционален долгогодишен и искрен пријател“ -

Во своето обраќање пред присутните, претседателот на Собранието на Северна Македонија Талат Џафери, истакна дека му претставува чест да го поздрави високопочитуваниот претседател на Големото Народно Собрание на Турција Мустафа Шентоп и почитуваните членови на делегацијата, при што на сите сограѓани во земјава, припадници на турската заедница, им го честиташе 21 Декември, Денот на наставата на турски јазик во РСМ. Џафери рече дека овој празник е во чест на сограѓаните Турци во земјата, меѓутоа, како што рече, „со сета почит и внимание и за Република Турција, која е наш традиционален, долгогодишен и искрен пријател“.

„Под поимот пријател, мислам и во добро и во зло. Подадената рака на турскиот народ секогаш ги допира нашите срца. Тоа го прави и во ова тешко време на глобална пандемија, кога човештвото е исправено пред глобалниот здравствен и економски ризик. Благодарни сме за вашето присуство, соработка, поддршка и помош во секој сегмент од нашето опстојување како држава“, рече Џафери и додаде:

„Нашето партнерство, покрај во ПСЈИЕ (PCSEE), сега е проширено и со нашето членство во НАТО и во ПАБСЕК, каде што заедно ќе придонесуваме во градење на мир и благосостојба во светот. Огромна благодарност и до Турската полумесечина, до ТИКА и Фондацијата МААРИФ. Бидете живи, здрави, и нека живее вечно пријателството со Република Турција.“

Џафери го заврши обраќањето со упатување честитка на турски јазик по повод 21 Декември - Денот на наставата на турски јазик во РСМ.

- Заев: „Од Турција добиваме постојано безрезервна поддршка за нашите аспирации за членство во ЕУ“ -

Премиерот на Северна Македонија Зоран Заев, го честиташе Денот на наставата на турски јазик и истакна дека за припадниците на турската заедница денешниот ден е особено важен бидејќи на 21 декември во далечната 1944 година за првпат во Република Македонија започнала наставата на турски јазик. Оваа традција, како што рече тој, продолжува да се негува низ годините, а по осамостојувањето на земјата станува уставна одреба чија имплементација е гарантирана од институциите на системот.

Според Заев, денеска кога Северна Македонија гради „Едно општество за сите нејзини граѓани“, припадниците на турската заедница се многу значаен и конструктивен дел од тоа заедничко општество, потенцирајќи дека сограѓаните од турската заедница даваат значаен придонес во мултикултурното и мултиетничко општество на Северна Македонија.

Тој рече дека граѓаните од турската заедница во РСМ истовремено се и „најсилната алатка на поврзување на традиционално исклучително добрите пријателства и одличната соработка помеѓу РСМ и Турција“.

„Турција беше прва земја која подаде пријателска рака на самиот почеток од осамостојувањето на нашата земја. Турција тогаш изрази подготвеност за соработка и помош во сите сфери на оштественото живеење за граѓаните на РСМ да ова никогаш нема да го заборават. Нашите две земји континуирано вложуваат во развојот на билатералните односи и пријателството помеѓу нашите две земји е несомнен пример за тоа како треба да се соработува во регионот и пошироко“, истакна Заев.

Најдобра илустрација, рече тој, е присуството на голем број странски инвестиции во земјата од Турција, која е најголем странски инвеститор во РСМ од земјите надвор од ЕУ.

„Според официјалните податоци од Турција, во РСМ се регистрирани преку 1.000 правни субјекти чии матични компании се во Турција, како и 48 директни подружници. Тие заедно вработуваат преку 4.000 лица со вкупна актива од 392 милиони евра. Оваа година интерес за вложување во секундарната гасификација на нашата земја изразија две големи турски компании и влегоа во завршната фаза од конкурентниот дијалог за воспоставување јавно-приватно партнерство за овој проект вреден повеќе од 300 милиони евра“, истакна Заев.

Тој рече дека високо го ценат чинот за доделување над 1.400 стипендиии од Турција за македонските студенти. Истовремено, рече дека е огромно задоволство што околу 2.000 студенти од Турција студираат на македонските универзитети.

Меѓу другото, Заев рече дека соработката во сферата на културата е интензивна, а отворањето на културните центри во Скопје и во Истанбул ја потврдува важноста на промоцијата на културата и културното наследство на двете земји.

„Од оваа година сме сојузници во НАТО и заеднички учествуваме во мисиите за обезбедување на глобалниот мир и безбедност, а Република Турција е меѓу најголемите донатори на опрема за Армијата во нашата земја. Од Република Турција постојано добиваме безрезервна и целосна поддршка за исполнување на нашите аспирации за членство во ЕУ“, потенцираше Заев.

Тој додаде дека освен денешниот празник на Турците во земјата, секоја година одбележуваат значајни датуми поврзани со, како што рече, една од најзначајните личности во историјата на Турција Мустафа Кемал Ататурк.

„Почитуван претседателе на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ), дозволете од името на сите наши сограѓани да пренесете топли и искрени изрази на пријателство до претседателот Ердоган, турскиот Парламент, турската Влада, со надеж дека нашето огромно пријателство ќе продолжи“, потенцираше премиерот Заев.

Турскиот амбасадор во Северна Македонија Хасан Мехмет Секизќок, рече дека се исклучително задоволни од тоа што денес се заедно со претседателот на Собранието на Турција Шентоп, на Денот на наставата на турски јазик во РСМ.

Истакнувајќи дека во рамките на програмата и тој ќе зборува за турската култура, значењето на јазикот и квалитетот на образованието, рече:

„Вековната турска култура, која е вкоренета во балканската географија, денес ја живееме во различни области. Се разбира, вековната интеракција на нашиот турски јазик со балканските јазици додаде разновидност и богатство во културниот живот на Балканот и во Северна Македонија, која е во центарот на оваа географија. Односите меѓу нашите народи ќе продолжат да се зајакнуваат со нашето заедничко културно наследство и во иднина, како што беше тоа во минатото и денес.“

Давајќи препораки за наставниците и учениците, Секизќок нагласи: „Како Турција, ние ќе соработуваме со властите на Северна Македонија и ќе стоиме покрај вас за да можете да добиете образование во највисоки стандарди.“

Потсетувајќи за делата и достигнувањата на турските институции во земјата и во регионот, Секизќок рече: „Ние веруваме дека зајакнувањето на интеракцијата на културна основа со Северна Македонија, со која имаме длабоко вкоренети односи, ќе послужи за унапредување на нашата соработка во сите области.“

Секизќок, исто така, им се заблагодари на МАТУСИТЕБ, Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) и Институтот „Јунус Емре“.

Претседателот на МАТУСИТЕБ Хусрев Емин, рече дека како Турци од Северна Македонија, денес го доживуваат ентузијазмот на турскиот јазик, чувството да бидат заедно и уште еднаш да се држат цврсто до својот идентитет.

Истакнувајќи благодарност до претседателот на турскиот Парламент Шентоп, и до сите браќа кои се денес тука од Турција, Емин рече дека Турците од Северна Македонија испраќаат поздрави до „светскиот лидер, нашата надеж, почитуваниот претседател Реџеп Тајјип Ердоган“.

Говорејќи за проблемите на Турците од Северна Македонија, Емин рече: „Ние би сакале уште еднаш да ги потенцираме нашите очекувања од Владата на Северна Македонија за да стори што е потребно за да се решат овие проблеми. Ние, како лојални граѓани на оваа земја, сакаме да имаме корист од можностите на оваа земја и во пракса.“ (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести