Претседателот на Собранието Мустафа Шентоп учествуваше на свечената програма на Денот на наставата на турски јазик

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп истакна дека вредноста на пријателството на Турција се прифаќа од сите заинтересирани страни

1549327
Претседателот на Собранието Мустафа Шентоп учествуваше на свечената програма на Денот на наставата на турски јазик
TBMM Başkanı Mustafa Şentop Türkçe Eğitim Günü Programı Üsküp2.jpg
TBMM Başkanı Mustafa Şentop Türkçe Eğitim Günü Programı Üsküp3.jpg

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп кој престојува во официјална посета на Северна Македонија во Скопје учествуваше на свечената програма по повод 21 Декември - Денот на наставата на турски јазик.

Во говорот што го одржа овде, Шентоп истакна дека вредноста на пријателството на Турција се прифаќа од сите заинтересирани страни.

Осврнувајќи се на значењето на турскиот јазик, претседателот на Собранието Мустафа Шентоп рече: „Да не беше турскиот јазик, не само нашето постоење денеска, можеби не можеше да се говори ниту за нашето постоење во историјата. Да не се нашиот пишан јазик, нашата книжевност, нашите дела, онака како што ги снајде бројни народи и ние ќе бевме заборавени во овој незапирлив тек на историјата, ќе бевме покриени со прашливи легенди и ќе бевме кренати на полиците.“

Тој привлече внимание дека во Османлискиот период од Румелија не произлегоа само државни и политички личности, туку беа воспитани и се појавија драгоцени личности и во сферата на уметноста и книжевноста и дека меѓу тие драгоцени имиња се наоѓаат и Јахја Кемал Бејатли и Мехмет Акиф Ерсој.

Шентоп истакна дека го оценуваат за драгоцено тоа што продолжувањето на постоењето на турскиот јазик како еден од најголемите семејства на јазици во светот, на Балканот, не само во Северна Македонија, е присутно и кај турските заедници во Косово, Бугарија, Западна Тракија, Босна и Херцеговина и Романија, каде што исто така постојат културни и уметнички дела на турски јазик.

Велејќи дека во рамките на прославувањето на Денот на турската настава учествува на низа програми, Мустафа Шентоп, својот говор го продолжи со следните зборови: „Турција е силна држава. вредноста на нејзиното пријателство се прифаќа од страна на сите заинтересирани страни. Ние сме земја која води обиди, води грижа во секоја сфера да застане покрај дробото, убавото, праведното и правдата. Секој беше сведок на тоа, било пријател или непријател, во процесот на епидемијата низ којшто поминуваме. Нашите авиони кои носеа медицински материјали го презентираа знамето на нашата земја и на добрината, на небото на стотици земји. Немаме никаква друга цел освен да завладее добрината, да се намалат злото и зулумот.“

Нагласувајќи дека нема друг начин за да разбереме едно со други или за да се раскажеме, објасниме себе си пред друг, освен јазикот, претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп рече: „Да си придадеме глас и слух едни кон други. Да го користиме јазикот на љубовта, мирот, нежноста, а не на непријателството.“



Слични вести