Честитка од претседателот на РСМ Стево Пендаровски по повод Денот на наставата на турски јазик

„Дозволете најсрдечно да ви го честитам Денот на наставата на турски јазик, 21 декември, и да ви посакам добро здравје, среќа, радост и бериќет“ - стои во пораката со честитка на претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски

1549391
Честитка од претседателот на РСМ Стево Пендаровски по повод Денот на наставата на турски јазик

Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на 21 Декември – Денот на наставата на турски јазик, упати честитка до припадниците на турската заедница во Република Северна Македонија.

Во пораката се истакнува следното:

„Почитувани сограѓани Турци,

Дозволете најсрдечно да ви го честитам Денот на наставата на турски јазик, 21 декември, и да ви посакам добро здравје, среќа, радост и бериќет.

Токму на овој ден во 1944 кога се удираа темелите на македонската држава започна и наставата на турски јазик. Со ова се овозможи образование на мајчин јазик на припадниците на турската заедница, како неопходен елемент во зачувувањето и во негувањето на националниот идентитет, традицијата и на културата. Среќни сме што овој значаен датум е и празник на турската заедница во Република Северна Македонија и со него се гордеат сите наши граѓани.

Драги пријатели,

Турската етничка заедница е неизоставен дел од нашата мултиетничка и мултикултурна држава и секој нејзин припадник придонесува во градењето на демократска, просперитетна и развиена Република Северна Македонија. Вие претставувате своевиден мост за соработка со пријателска Република Турција, која е наш искрен и посветен поддржувач.

Уште еднаш честитајќи го празникот, посакувам во овие кризни времиња предизвикани од пандемијата на Ковид-19 да го заштитите своето и здравјето на вашите најблиски и да останете сплотени и солидарни.

Нека е честит 21 декември, Денот на наставата на турски јазик.“

Стево Пендаровски

(Веб страница на претседателот на Република Северна Македонија)



Слични вести