Пофалба од албанскиот премиер Еди Рама до Турција за борбата против епидемијата

Албанскиот премиер Еди Рама истакна дека Турција беше една од најподготвените земји уште од првиот момент кога се појави овој невидлив непријател (новиот тип коронавирус Ковид-19)

1547548
Пофалба од албанскиот премиер Еди Рама до Турција за борбата против епидемијата

Албанскиот премиер Еди Рама оствари средба преку интернет со експертите на Научниот совет (за Ковид-19) на неговата земја и Турција, при што истакна дека Турција беше една од најподготвените земји уште од првиот момент кога се појави овој невидлив непријател (новиот тип коронавирус Ковид-19).

Рама појасни дека турските експерти за здравство разменуваат искуства со експертите на Научниот совет на Албанија и дека турски експерти престојуваат во Тирана за правење проценка на ситуацијата и за извлекување драгоцени резултати за соработката во иднина.

Велејќи дека во овој период се обидуваат да научат колку што е можно повеќе од другите земји, Еди Рама рече: „Една од земјите која ја следиме одблизу и со која сме во можност да бидеме во постојана комуникација и размена на искуства, е и Турција. Научниот совет на Турција има посебно значење, впрочем благодарение на прелиминарните подготовки на експертите на оваа наша пријателска земја и на нивната специјализираност, Турција уште од првиот момент кога се појави овој невидлив непријател беше едната од најподготвените земји.“

Нагласувајќи дека Турција дури и пред Светската здравствена организација (СЗО) да го дефинира Ковид-19 како глобална епидемија, пандемија, под водство на научните погледи на нејзините експерти и препораките на Научниот совет презеде низа мерки за социјално растојание, Рама ја изнесе следната констатација: „Со изградба на таква човечка бариера влезот на болеста во Турција траеше многу подолго во споредба со другите земји и тоа апсолутно им обезбеди време на Владата, институциите, на целиот систем, да се подготват подобро. Исто така во 2019 година Турција имаше национален план за борба против епидемиии. Турските другари треба да знаат дека нивните зборови се многу значајни, бидејќи Турција за голем број Албанци е точна адреса кога се во прашање здравството и болниците.“

Инаку, турски специјалисти по здравство неколку дена како се наоѓаат на разговори и средби со своите колеги и раководителите на здравствените установи во главниот град на Албанија, Тирана, а со цел правење проценка и разгледување на мерките против епидемијата, како и разгледување на најновата ситуација по ова прашање.
 



Слични вести