Грција го зголеми за 5 пати делот за вооружување во новиот буџет за одбрана за 2021 година

Грција за новата 2021 година делот за вооружување во буџетот за одбрана го зголеми на 2,5 милијарди евра

1546269
Грција го зголеми за 5 пати делот за вооружување во новиот буџет за одбрана за 2021 година

Грција делот за вооружување во буџетот за одбрана за 2021 година во споредба со оваа (2020) година го зголеми за 5 пати, на 2,5 милијарди евра.

На одржаното гласање во грчкиот Парламент, беше изгласан државниот буџет за 2021 година во кој се наоѓа и буџетот за одбрана.

Според тоа, буџетот за одбрана на земјата е зголемен на 5,49 милијарди евра, додека делот одделен за вооружување во склопот на буџетот за одбрана е зголемен на 2,5 милијарди евра.

Властите во Атина претходно соопштија дека во наредните 10 години ќе потрошат 10 милијарди долари за вооружување.



Слични вести