Бакир Изетбеговиќ ја обвини Русија за мешање во внатрешните работи на земјата
Наведувајќи дека се во постојана координација со Џаферовиќ, кој е исто така член на СДА, Изетбеговиќ рече дека немал таков однос со Комшиќ

Бакир Изетбеговиќ, лидерот на Партијата за демократска акција (СДА), која важи за најголема бошњачка партија во Босна и Херцеговина, истакна дека Русија радикално е вклучена во внатрешните работи на Босна и Херцеговина.
Во рамките на посетата на градот Мостар во пресрет на локалните избори во недела, Изетбеговиќ се осврна на контактите на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Босна и Херцеговина кои предизвикаа контроверзност и дискусии.
Одговарајќи на наводите на Шефик Џаферовиќ, бошњачкиот член на Претседателскиот совет на Босна и Херцеговина и Жељко Комшиќ, хрватскиот член на Претседателскиот совет на Босна и Херцеговина кои одбиваат дека се сретнале со Лавров, Изетбеговиќ рече дека изнесените тврдења не се точни.
Наведувајќи дека се во постојана координација со Џаферовиќ, кој е исто така член на СДА, Изетбеговиќ рече:
„Но, немаме таков однос со Комшиќ. Со него разговаравме само за НАТО“.
Подвлекувајќи дека Џаферовиќ и Комшиќ се респектни политичари, Изетбеговиќ истакна дека Русија нуди селективна поддршка без оглед што прават, на водачите на Република Српска (РС), еден од двата ентитета во Босна и Херцеговина.
Потенцирајќи дека Русија е радикално вклучена во внатрешните работи на Босна и Херцеговина, Изетбеговиќ рече:
„Грешката на Лавров е што не ги почитува симболите и законите на Босна и Херцеговина. Тој, со своето однесување ги испровоцира Џаферовиќ и Комшиќ.“
Лавров, кој на 14 декември престојуваше во посета на Босна и Херцеговина, прво замина во Источно Сараево во Република Српска (РС) каде што се состана со српските претставници, додека неприсуството на знамето на Босна и Херцеговина на состанокот, предизвика реакции.
Врз база на овој настан, Џаферовиќ, босанскиот член и Комшиќ, хрватскиот член на Претседателскиот совет на Босна и Херцеговина одбија да се сретнат со Лавров, кој престојуваше во официјална посета на нивната земја.
Додека Заферовиќ и Комшиќ изјавија дека Лавров не ја почитувал Босна и Херцеговина и нејзините институции, Лавров го изнесе тврдењето дека двајцата членови на Советот дејствувале според упатствата на другите.