Средба помеѓу Сергеј Лавров и Бисера Турковиќ во Сараево

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Сараево се состана со својата колешка министерката за надворешни работи на Босна и Херцеговина Бисера Турковиќ

1546117
Средба помеѓу Сергеј Лавров и Бисера Турковиќ во Сараево

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров кој допатува во официјална посета на Сараево се состана со министерката за надворешни работи на Босна и Херцеговина Бисера Турковиќ. 

На одржаната заедничка прес-конференција Лавров истакна дека економската соработка помеѓу двете земји ќе продолжи со нејзино зајакнување. 

Сергеј Лавров рече дека ќе продолжи ставот и поддршката на Русија на територијалниот интегритет и суверенитет на Босна и Херцеговина.

Велејќи дека е донесена одлука За зголемување и на трговскиот обем помеѓу двете земји којшто е дојден до застој поради пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), Лавров го изрази задоволството од делувањето на руски фирми во Босна и Херцеговина.

Министерката за надворешни работи на Босна и Херцеговина Бисера Турковиќ исто така истакна дека меѓуделегациските разговори поминаа продуктивно и дека односите помеѓу двете земји се добри и соработката треба да се развие во различни сфери.

Турковиќ додаде дека Русија го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина.



Слични вести