Протестите во главниот град на Албанија, Тирана продолжија и во текот на вчерашниот ден

Стотици протестирачи кои и покрај забраната за собирање на исто место на повеќе од 10 лица којашто е воведена во земјата поради епидемијата Ковид-19, вчера на петтиот ден од протестите повторно се собраа на плоштадот Скендер Бег во главниот град Тирана

1544809
Протестите во главниот град на Албанија, Тирана продолжија и во текот на вчерашниот ден

Продолжуваат протестите во главниот град на Албанија, Тирана, коишто започнаа на 9 декември по убиството на едно 25 годишно младо момче кое непочитувајќи го повикот на полицијата да застане почнало да бега и притоа било застрелано.

Стотици протестирачи кои и покрај забраната за собирање на исто место на повеќе од 10 лица којашто е воведена во земјата поради епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), вчера на петтиот ден од протестите повторно се собраа на плоштадот Скендер Бег во главниот град Тирана.

Притоа дојде до судири помеѓу полицијата и протестирачите кои и покрај сите предупредувања на полицијата не сакаа да се разотидат.

Протестирачите извикувајќи слогани  „Без правда нема мир“ ги оштетија билбордите и патната сигнализација пред владината зграда.

Потоа протестирачите тргнаа кон Дирекцијата на регионалната полиција на Тирана и Министерството за внатрешни работи кадешто фрлаа камења врз полицијата, додека полицијата интервенираше со солзавец и водени топови.

Еден дел од протестирачите протестираа легнувајќи на земјата, а еден дел се разотидоа во различни делови на Тирана и ја бараа оставката на премиерот Еди Рама.

Потоа протестирачите повторно се вратија назад на плоштадот Скендер Бег кадешто се соочија со интервенцијата на полицијата со солзавец, а некои беа притворени.

Освен во главниот град Тирана беа одржани протести и во некои други градови на Албанија.

Инаку, на 8 декември за време на применување на забрана за излегување на улица (движење) во главниот град Тирана 25 годишниот Клодијан Раша непочитувајќи го предупредувањето на полицијата да застане почна да бега.

За време на бркањето од страна на полицијата беше отворен оган при што младото момче беше рането и потоа го загуби животот во болницата кадешто беше префрлено на лекување. 

Овој случај стана причина за појава на револт кај политичките партии, граѓанските организации и народот во земјата.

Албанскиот премиер Еди Рама во дадената изјава на 10 декември соопшти дека министерот за внатрешни работи Сандер Лешај му ја врачил својата оставка.

Протестирачите пак, ја бараат оставката и на генералниот директор на албанската полиција Арди Велиу, како и да бидат направени реформи во полицијата.

Основниот суд во Тирана донесе одлука на полицаецот Невалдо Хајдарај кој се обвинува за убивање на младото момче за време на извршување на својата задача, да му се суди под притвор.

Потоа започнаа протести коишто продолжуваат веќе неколку дена и во немирите до коишто дојде помеѓу простестирачите и полицијата досега се повредени голем број полицајци и протестирачи.

 



Слични вести