Не стивнуваат протестите во Тирана по убиството на 25-годишниот Клодијан од страна на полицијата

Стотици протестирачи на повикот „Правда за Клодијан“ вчера вечер најпрвин се собраа пред владината зграда, а потоа маршираа кон Министерството за внатрешни работи и зградата на Дирекцијата на регионалната полиција во Тирана

1544533
Не стивнуваат протестите во Тирана по убиството на 25-годишниот Клодијан од страна на полицијата

Продолжуваат протестите коишто започнаа во главниот град на Албанија, Тирана, на 9 декември по убиството на едно 25 годишно младо момше кое откако не го почитувало повикот на полицијата да застане почнало да бега и притоа било застрелано.

Вчера беше четврти ден од протестите. 

Стотици протестирачи на повикот „Правда за Клодијан“ вчера вечер најпрвин се собраа пред владината зграда.

Потоа беше одржан марш кон Министерството за внатрешни работи и зградата на Дирекцијата на регионалната полиција во Тирана.

Откако учесниците на протестот почнаа да ги кршат табелите по патот и сообраќајните знаци како и други предмети дојде до зголемување на тензијата при што полицијата интервенираше со солзавец врз протестирачите.

Албанската полиција за протестите презеде дополнителни мерки и за заштита на јавните згради беа задолжени илјадници полицајци.

На протестите беа притворени неколку млади, а беа повредени и некои полицајци и граѓани.

Во меѓувреме, освен во главниот град Тирана беа одржани протести и во другите градови низ земјата.

Инаку, на 8 декември кза време на применување на забрана за излегување на улица (движење) во главниот град Тирана 25 годишниот Клодијан Раша непочитувајќи го предупредувањето на полицијата да застане почна да бега.

За време на бркањето од страна на полицијата беше отворен оган при што младото момче беше рането и потоа го загуби животот во болницата кадешто беше префрлено на лекување. 

Овој случај стана причина за појава на реакција од страна на политичките партии, граѓанските организации и народот во земјата.

Албанскиот премиер Еди Рама во дадената изјава на 10 декември соопшти дека министерот за внатрешни работи Сандер Лешај му ја врачил својата оставка.

Основниот суд во Тирана донесе одлука на полицаецот Невалдо Хајдарај кој се обвинува за убивање на младото момче за време на извршување на својата задача, да му се суди под притвор.

Потоа започнаа протести коишто продолжуваат веќе неколку дена и во немирите до коишто дојде помеѓу простестирачите и полицијата досега се повредени голем број полицајци и протестирачи.

 



Слични вести