Албанскиот министер за внатрешни работи поднесе оставка

За време на протестите, премиерот Рама во изјавата за печатот рече дека  министерот за внатрешни работи Леши поднел оставка

1543567
Албанскиот министер за внатрешни работи поднесе оставка

 

Албанскиот министер за внатрешни работи Сандер Леши поднесе оставка.

Премиерот Еди Рама рече дека министерот за внатрешни работи поднесе оставка откако беше застрелан и убиен еден млад во главниот град Тирана, поради непочитувањето на полициското предупредување да застане.

Вчера продолжија протестите за младиот човек кој почина во болница откако беше застрелан и повреден од полицијата.

Десетици луѓе, вклучително и граѓански активисти, се собраа пред зградата на Министерството за внатрешни работи и извикуваа пароли: „Без правда, нема мир“. Демонстрантите фрлаа камења и други предмети врз полицијата. Десетици полицајци беа задолжени за заштита на зградите на институцијата.

За време на протестите, премиерот Рама во изјавата за печатот рече дека  министерот за внатрешни работи Леши поднел оставка.

Во напнатите протести што се одржаа претходниот ден пред зградата на Министерството за внатрешни работи и Владата, на кои се бараше оставка на министерот за внатрешни работи, беа повредени 16 полицајци, 1 вработен во обезбедувањето и неколку граѓани.

На 8 декември во 01.45 часот во главниот град Тирана, за време на полицискиот час, 25-годишниот К.Р почна да бега не почитувајќи го предупредувањето на полицијата да застане. За време на  потерата во огнот што беше отворен од страна на полицијата беше повреден 25 годишниот млад човек кој почина во болницата каде што беше пренесен.



Слични вести